четврток, 10.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ОТКАКО ФФФ МУ ДАДЕ ПОДДРШКА НА ДОМЕНЕШ
Трезеге се откажа од репрезентацијата

Одлуката на Француската фудбалска федерација (ФФФ) да ја продолжи соработката со селекторот Рејмон Доменеш го принуди Давид Трезеге да го објави својот крај НА репрезентативната кариера иако во последниве две години беше далеку од националниот тим. Познато е дека Доменеш и Трезеге беа во исклучително лоши односи во последните години и тоа резултираше со исклучително мала минутажа на напаѓачот на Мундијалот во Германија пред две години и неповикување за европското првенство што неодамна се одржа во Австрија и Швајцарија иако Трезеге беше втор стрелец во Серија “А” претходната сезона со 20 постигнати гола. Факт е дека и самиот голгетер е свесен дека нема шанси да се избори за место во репрезентацијата, па подобро е на ваков начин да се откаже од неа.

“Доменеш останува, а јас повеќе не размислувам за репрезентацијата. Не знам како е можно ова, Франција играше катастрофално на европското првенство, а селекторот доби доверба да го води националниот тим уште две години. Јас го гледам фудбалот сосема поинаку од Доменеш и мислам дека нема можност да соработуваме во иднина”, рече Трезеге, кој со репрезентацијата на Франција освои една светска и една европска титула на крајот од минатата деценија, а сè уште се памети неговиот гол за одлука во финале на евро-шампионатот во Белгија и Холандија во 2000 година.

Во иднина, како што рече, Трезеге ќе се фокусира на настапите во Јувентус со кого оваа сезона се враќа во Лигата на шампионите, но и во борбата за титулата во Серија “А” по двегодишна пауза.

“Потребно е нешто да освоиме оваа година бидејќи Јувентус има одлични фудбалери. Добро е што сите во клубот имаат верба дека такво нешто може да се случи”, додаде легендарниот француски напаѓач.

За репрезентацијата на Франција Трезеге одигра 71 натпревар и постигна 34 гола со што е на третото место на вечната листа на стрелци зад Тиери Анри и Мишел Платини.


Наjновo од Спорт
Трезеге се откажа од репрезентацијата
ФИФА го спаси Македонецот во Грција
Алонсо повторно поврзуван со Ферари
Арсенал сега го продава Адебајор
Русија, а не Америка е ветената земја за Перо Антиќ ?
Лапорта утре поднесува оставка
Против Кина за успешен старт
Христов една година во ФК Баку
Сколари го посакува и Роберто Карлос
Аршавин ќе прифати понуда од Англија
Роналдо најверојатно ќе остане во Манчестер
И Бин Ладен влегува во Премиерлигата?
Брацо: “Финансиска и играчка помош за Победа”
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи