петок, 11.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕВИРАЊАТА ВО УПРАВАТА НА БАРСЕЛОНА
Осум директори на Барса поднесоа оставка

Претседателот на Барселона, Хуан Лапорта доживеа уште една нова криза во неговата администрација, откако осум од неговите 17 директори поднесоа оставка од клупскиот борд во текот на вчерашниот ден.

Лапорта деновиве е под голем притисок од бордот и локалните медиуми, кои бараат негово повлекување откако ја загуби довербата кај неговите гласачи, но поради недоволното мнозинство гласачи (против него гласаа 60,6%, а беа потребни две третини), останува да го комплетира својот мандат до 2010 година.

“Причините за нашата одлука лежеа во разликите во мислењата околу тоа како да се реагира на резултатот од гласањето за доверба, кога поголемиот број на гласачи го изразија своето незадоволство од бордот”, изјави на прес-конференција еден од оние кои дадоа оставка во текот на вчерашниот ден, досегашниот прв потпретседател Алберт Виценс.

Лапорта најмногу е критикуван поради начинот на кој се води еден од најбогатите светски клубови, во кој играат некои од најдобрите планетарни фудбалери, а кој веќе две години не освоил ниту една титула.


Наjновo од Спорт
Осум директори на Барса поднесоа оставка
Победа, единствена опција
Победуваме и со позајмена опрема
Серена се врати во САД за да игра на Светскиот Тимски Тенис
На нов мегдан со Русија
Трезеге се откажа од репрезентацијата
ФИФА го спаси Македонецот во Грција
Арсенал сега го продава Адебајор
Лапорта утре поднесува оставка
Христов една година во ФК Баку
Сколари го посакува и Роберто Карлос
Аршавин ќе прифати понуда од Англија
Роналдо најверојатно ќе остане во Манчестер
И Бин Ладен влегува во Премиерлигата?
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи