
|
 |
Спорт / Фудбал
СПОРЕД ГЛАСАЊЕТО НА ФАНОВИТЕ ОД МЛС ЛИГАТА Бекам во Ол-стар тимот
Англичанецот Дејвид Бекам од редовите на Лос Анџелес Галакси е еден од петте фудбалери кои ќе дебитираат за Ол-стар тимот на МЛС лигата, кој на 24 јули во канадскиот град Торонто ќе одигра ревијален натпревар со англискиот премиерлигаш Вест Хем од Лондон.
Според фановите кои го извршија овој избор, Бекам ќе биде стартер на натпреварот, а интересно е тоа што најмногу гласови доби неговиот соиграч, најпопуларниот американски фудбалер Лендон Донован. Од познатите фудбалски имиња, боите на МЛС лигата ќе ги брани и мексиканскиот напаѓач Куатемок Бланко, кој настапува за Чикаго Фајр, додека тренер ќе биде Шкотланѓанецот Стив Никол од Њу Ингланд.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|