
|
 |
Спорт / Фудбал
ХРВАТСКАТА ТРЕНЕРСКА ЛЕГЕНДА ПРЕД НОВ ПРЕДИЗВИК Блажевиќ нов селектор на БиХ
Прославениот стратег од Хрватска, Мирослав Ќиро Блажевиќ е наименуван за нов селектор на фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина. Самиот Блажевиќ тоа го изјави во ексклузивниот разговор за едно босанско радио, а беше потврдено на седницата на извршниот одбор на националниот фудбалски сојуз на Босна и Херцеговина, на кој беше детерминирана иднината на репрезентацијата, односно нејзиниот нов кормилар во пресрет на квалификациите за пласман на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година.
“Мислам дека играчите кои досега го бојкотираа националниот дрес, би се вратиле да играат за репрезентацијата кога јас ќе бидам шеф на стручниот штаб. Знам како треба да се реагира и како да се наговорат. Ми рекоа дека со 90% сигурност јас сум новиот селектор, но подобро е да се причека на конечната одлука, бидејќи секогаш може да се појави некој политичар кој ќе рече дека Ќиро е ваков или онаков”, во свој препознатлив стил изјави Блажевиќ пред обелоденувањето на конечната одлука со која тој добива можност да ја води третата национална селекција во својата кариера, по Хрватска и Иран.
Инаку, 73-годишниот Блажевиќ, кој е роден во босанскиот град Травник, доаѓа како замена за Мехо Кодро кој доби отказ во мај. Блажевиќ во минатата сезона беше тренер на хрватскиот прволигаш Загреб, а најголемиот успех во досегашната кариера му е пласманот на третата позиција со хрватската репрезентација на Светското првенство во Франција во 1998 година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|