петок, 11.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

ДАЛИ ЗАКАНИТЕ НА ФИФА МОЖАТ ДА ИМ ЈА ОДЗЕМАТ ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА СП 2010 НА ЈУЖНОАФРИКАНЦИТЕ?
Африка во бунт против Блатер

Сè почестите најави дека ФИФА ја разгледува можноста од план “Б” за домаќин на светскиот фудбалски шампионат во 2010 година, буквално ја крена на нозе цела Африка. Она што со години наназад го очекуваа, а конечно го добија луѓето од “Црниот континент”, Светската куќа на фудбалот предводена од “ексцентричниот” Блатер сака да им го одземе. Оваа констатација можеше да се прочита низ медиумите во Африка за последната најава на лидерот на светскиот фудбал дека Јужна Африка може да се соочи со одземање на организацијата на престојниот Мундијал.

Блатер си консултирал тројца кандидати

Најновата вест од ФИФА вели дека првиот човек, Сеп Блатер, веќе разговарал со три земји кои можат да се појават во улога на организатори на Мундијалот по две години, доколку Јужна Африка и натаму “каска” со изградбата на стадионите и инфраструктурата потребна за нормална организација на најголемиот светски фудбалски настан. Последните вести од ФИФА велат дека Јужноафриканците сериозно доцнат со комплетната изградба на постоечките инфраструктурни објекти за да може да се очекува сè да биде завршено навреме за одржување на Мундијалот. Претседателот, Блатер, добил начелно уверување од три земји со кои разговарам, дека за само една година ќе можат да го направат она што Јужна Африка досега не успеа. Главна причина што првиот човек на светската куќа на фудбалот почна да оди со вакви најави во медиумите е информацијата која се појави пред два дена, а во која се вели дека стадионот во Порт Елизабет нема да биде комплетно завршен до средината на следната година. Забавените ремонти на стадионот и сè уште неотворените прашања со редица други транспортни проблеми се само причина повеќе ФИФА да размислува за одземање на организацијата на африканскиот континент.

“Зборував со три држави кои имаат можност за само една година да се подготват и да го организаираат шампионатот”, изјави Швајцарецот за англиските медиуми.

Англија една од замените?

Откако откри дека има три земји кои можат слободно да ја заменат Јужна Африка во организацијата на шампионатот кој претстои, Блатер не сакаше да го открие нивните имиња. Англиските новинари шпекулираат дека токму нивната земја е една од оние кои се прва замена во списокот на Блатер. Англичаните веќе беа домаќини на СП 1996 година, но одамна со нетрпение очекуваат повторно да се појават во улога на организатори на најголемиот фудбалски настан.

Англија е само една од трите земји, додека медиумите шпекулираат дека останатите две земји со кои е разговарано се Австралија и САД. Интересно е што Австралија со сите сили се обидува за десеттина години да ја добие организацијата на СП, она во 2018 година, но сè уште не се знае ставот на ФИФА по тоа прашање. Ако Јужна Африка не го задржи бараниот ритам на оспособување на објектите, мошне реално е да се очекува “кенгурите” да “доскокнат” до организацијата на настанот по две години, иако тоа можеби и не го очекуваа ниту во најубавите соништа. Американците не изгледаат премногу “жешки” за оваа тема откако имаа едно СП зад себе. Но парата која ќе се слее во економијата од еден ваков настан и за нив не е за потценување.

“Црниот континент” му се остри на Швајцарецот

“ФИФА може да има резервен план во случај на некоја природна несреќа, како што кажа и претседателот, но зошто тоа го соопштува сега кога нема никаква причина за тоа? Африка го чека овој момент десетици години и сега некој планира туку така да & го одземе по сè што е вложено за сè да оди во најдобра насока”, изјави Дени Џордан, шеф на Организацискиот комитет на шампионатот.

Цела Африка негодува на изјавите на Блатер, кој очигледно го навлече гневот на државите кои со нетрпение го чекаат настанот, со кој ќе можат во голем дел да ја поправат сликата и на својата економија. Во меѓувреме Организацискиот комитет и самиот најави дека ќе инвестира околу 200 милиони долари само за да ја организира безбедноста на највисоко ниво. Околу 41.000 полицајци ќе ги чуваат туристите и гледачите кои треба да дојдат на мундијалот. Главната опасност се терористите и крадците, со кои никогаш во Ј. Африка не се на чисто.

Ј. Африка има огромен проблем со транспортот

Во низата проблеми кои можат сериозно да влијаат на организацијата на СП 2010 година за првпат на африканскиот континент е и состојбата со транспортот во оваа земја. Светската фудбалска централа во листата на “критични работи” кои можат да ја прелеат чашата на трпението и толеранцијата кај ФИФА е и сè уште ровката безбедност во Ј. Африка, како и можноста за чести прекини во електричката мрежа.

Во Јужна Африка велат дека го зголемиле бројот на луѓето кои работат на подготовката на стадионите и инфраструктурата дури двојно повеќе од минатата година. Веќе една година е во сила осовременувањето на електричната мрежа и стабилноста на струјата во рефлекторите на стадионите за да не се појават несакани проблеми за време на одигрувањето на средбите. Во моментов тече проект за зголемување на полициските и армиските сили, кои треба да се гружат за безбедноста на сите во градовите каде ќе се одржува мундијалот. Кејп Таун е еден од најопасните градови во светот, па тоа и ги уплаши членовите на комисијата на ФИФа кои прават инспекција на објектите во Ј. Африка.


Наjновo од Спорт
Африка во бунт против Блатер
Блажевиќ нов селектор на БиХ
Бекам во Ол-стар тимот
Осум директори на Барса поднесоа оставка
Победа, единствена опција
Победуваме и со позајмена опрема
Серена се врати во САД за да игра на Светскиот Тимски Тенис
Трезеге се откажа од репрезентацијата
ФИФА го спаси Македонецот во Грција
Арсенал сега го продава Адебајор
Лапорта утре поднесува оставка
Христов една година во ФК Баку
Сколари го посакува и Роберто Карлос
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи