
|
 |
Спорт / Фудбал
СЕ ЗГОЛЕМУВА НЕЗАДОВОЛСТВОТО ВО МИЛАН Нема поголема плата за Пирло
Милан одби да му ја зголеми платата на својот играч од средниот ред Андреа Пирло, а првиот оперативец Адриано Галијани смета дека тој не треба да добие нов одговор пред почетокот на новата сезона. Пирло има обврски кон клубот од Сан Сиро до 2011 година, меѓутоа неговиот менаџер во претходните денови беше многу гласен во барањето да му се зголемат примањата на 29-годишниот фудбалер. Италијанскиот репрезентативец во моментов добива годишна плата од четири милиони евра, речиси двојно помалку од Кака, кој заработува 7,5 милиони.
“Да беше Пирло на продажба, за него ќе лицитираа најдобрите светски клубови. Андреа е врвен играч, на исто ниво како Кака, кој добива двојно повеќе. Мислам дека најдобрите фудбалери треба идентично да заработуваат и на Милан тоа не му е проблем”, изјави Тулио Тинти, менаџерот на Пирло.
Тој вчера се сретна со Галијани на кого му кажал дека за фудбалерот се интересираат Барселона и Реал Мадрид, но потпретседателот останал рамнодушен и ги одбил барањата.
“Пирло? Тој е фудбалер на Милан кој има договор на уште три години. По тоа прашање нема ништо ново и немам што друго да кажам”, рече Галијани.
ЛЕГЕНДА:
Останува на досегашните примања - Андреа Пирло
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|