среда, 16.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

СПАРС СЕ ПРЕМИСЛИЈА
Сега Тотенхем бара повеќе пари за Бербатов

Иако пред два дена изгледаше дека Димитар Бербатов само часови го делат од трансфер на Олд Трафорд, сега работата е сосема поинаква. Неговиот клуб Тотенхем првично ја прифати понудата од 28 милиони фунти што ја даде Манчестер Јунајтед, но по проспиената ноќ објави дека бугарскиот репрезентативец нема шанси да си замине за помалку од 30 милиони фунти.

Лондонските медиуми тврдат дека за пресвртот во размислувањата на претседателот на Спарс, Даниел Леви заслужни се навивачите кои извршиле притисок врз него да не ја повтори грешката од пред две години кога за 18,6 милиони фунти на Олд Трафорд го испрати Мајкл Карик. Тие сметаат дека и сега Јунајтед сака да искористи на Тотенхем и да го добие Бербатов во својата најдобра форма и во најдобрите фудбалски години за помалку пари отколку што навистина вреди.

“Или 30 милиони фунти или нема ништо од трансферот на Бербатов”, им порачал вчера Леви на колегите од Манчестер Јунајтед.

Како што е познато, менаџерот на европскиот првак, Алекс Фергусон, во неделата испрати понуда од 20 милиони фунти за Бербатов, но таа веднаш беше одбиена од Тотенхем. Во понеделникот отштетата стигна до 25, па до 28 милиони фунти и англиските медиуми тогаш објавија дека трансферот е пред реализација, само што ќе се почека додека лондонскиот клуб најде соодветна замена за Бугаринот.


Наjновo од Спорт
Сега Тотенхем бара повеќе пари за Бербатов
Златна “0” од Баку!
Во Мајами ги собра сите овации
Роналдо ја “откачи” Нереида
Малку се губи, многу добива!
Бекенбауер: Нема план “Б” за СП 2010
Еванс ја облече жолтата маичка
Бербатов за 28 мил. фунти на Олд Трафорд
Валенсија ќе го враќа Арагонес
Тоти се враќа во репрезентацијата
Роналдо се договорил со Фламенго
Роналдо треба да го одработи договорот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи