
|
 |
Спорт / Фудбал
СО АНГАЖИРАЊЕТО НА ПОУЛСЕН За Јувентус заврши преодниот рок
Трансферот на данскиот репрезентативец Кристијан Поулсен е последниот во редовите на Јувентус за идната сезона бидејќи, како што рече тренерот на екипата Клаудио Раниери, тимот со тоа е комплетиран. Непопуларниот Данец вчера пристигна во Торино каде ги помина лекарските прегледи и стави потпис на петгодишниот договор со клубот вреден 9,75 милиони евра.
“Мислам дека играњето во Севиља за мене беше добро искуство пред трансферот во Јувентус. Против моите сегашни соиграчи веќе сум играл неколку пати и, како што и претходно реков, се работи за еден од најквалитетните европски клубови. Има долга и успешна историја и горд сум што сум овде”, изјави Поулсен на промоцијата во новиот клуб.
“Бјанко-нерите” по завршувањето на минатата сезона објавија дека ќе се обидат да најдат искусен играч од средниот ред со кој ќе се обидат да дојдат до титулата во Серија “А” во следното првенство и да стигнат колку е можно подалеку во Лигата на шампионите. Изборот падна на Кристијан Поулсен иако во конкуренција беа уште Дејан Станковиќ и Чаби Алонсо. Србинот не го сакаа навивачите додека Алонсо изрази желба да остане во Ливерпул до крајот на договорот. И Поулсен не е омилен кај фановите на Јувентус, но тој нема ништо лично против клубот, туку во минатото имаше неколку инциденти со Тоти, Анчелоти и Гатусо.
Според директорот Џовани Коболи Гиљи и тренерот Клаудио Раниери, со трансферот на Поулсен завршија активностите околу доведување нови играчи во Јувентус. Исклучително сум задоволен и му благодарам на клубот што идната сезона ќе има на располагање исклучително силна екипа. Барав некои фудбалери, ги добив и сега немам забелешки. До крајот на преодниот рок можеби ќе ангажираме само уште еден голман, но тоа и не мора да се случи”, изјави Раниери.
Англиските медиуми вчера објавија Јувентус добил дозвола да преговара со Анти Ниеми и финскиот голман најверојатно во следниве денови ќе пристигне во Торино.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|