среда, 16.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

СЕГА “СИНИТЕ” ВОДАТ ВО ТРКАТА ПО ФУДБАЛЕРОТ НА РЕАЛ
Челзи дава 60 мил. евра за Робињо

Можеби во последните денови беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед како дел од зделката со Кристијано Роналдо, но бразилскиот репрезентативец Робињо би можел наскоро да се пресели во Челзи откако европскиот и англиски вицешампион испрати понуда до Реал Мадрид во висина од 60 милиони евра. Тоа е убедливо најголемата сума што кој било клуб досега ја понудил за 24-годишниот напаѓач кој веќе три и пол сезони е член на шпанскиот првак.

“Играњето за Луис Фелипе Сколари за мене би било остварување на сонот. Тој е еден од најдобрите светски стручњаци и јас секогаш со одбрани зборови раскажувам за него. Мило ми е што и тој самиот има добро мислење за мене. Уште пред пет години кога во Европа не бев доволно познат ме повика да играм на еден хуманитарен натпревар и тоа ми беше доволно да сфатам за каков човек станува збор”, отворено изјави Робињо кој пред неколку дена рече дека сака да остане во Реал.

Неговиот агент и извршниот директор на Челзи, Питер Кенјон, минатата недела се сретнаа дури трипати, а Робињо дури и лично се запозна со сопственикот на лондонскиот клуб, Роман Абрамович. Двете страни се договориле околу потпишувањето на петгодишната соработка при што фудбалерот би добивал плата од два милиони евра по сезона. По последниот состанок, Челзи испрати понуда до Реал во висина од 50 милиони евра која била одбиена, а втората понуда е дадена пред два дена и с$ уште се чека одговорот од “Кралскиот клуб”.

Инаку, Робињо пристигна во Реал Мадрид во 2005 година од Сантос и оттогаш за шпанскиот првак одигра над 130 официјални натпревари. Оваа сезона постигна 11 гола на 32 натпревари во Примера, а неговиот тим дојде до втората титула по ред во шпанското првенство. Иако само 24-годишен, Робињо веќе има 50 натпревари за репрезентацијата на Бразил и 15 постигнати голови.

Дрогба се израмнува со Тери

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба до крајот на оваа недела треба да го продолжи договорот со Челзи иако неодамна беше пред трансфер во Интер. Причина за неговото премислување е најновата понуда која му ја дало раководството на лондонскиот клуб според која тој би се израмнил по неделните примања со капитенот Џон Тери и следната сезона би добивал по 130 илјади фунти.

Иако за неговите услуги се заинтересирани Милан, Интер и Барселона, менаџерот на Челзи, Луис Фелипе Сколари изјави дека никогаш не би се откажал од Дрогба, па Абрамович одлучил да му ја исполни таа желба.


Наjновo од Спорт
Челзи дава 60 мил. евра за Робињо
За Јувентус заврши преодниот рок
Сега Тотенхем бара повеќе пари за Бербатов
Златна “0” од Баку!
Во Мајами ги собра сите овации
Роналдо ја “откачи” Нереида
Малку се губи, многу добива!
Бекенбауер: Нема план “Б” за СП 2010
Бербатов за 28 мил. фунти на Олд Трафорд
Валенсија ќе го враќа Арагонес
Тоти се враќа во репрезентацијата
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи