
|
 |
Спорт / Фудбал
УСПЕШНИ ВЧЕРАШНИТЕ ПРЕГОВОРИ ВО БАРСЕЛОНА Роналдињо оди во Милан
Сагата околу Роналдињо најверојатно заврши. Бразилската супер-ѕвезда треба само уште да го потпише договорот за официјално да стане фудбалер на Милан и тоа ќе се случи најдоцна до крајот на оваа недела. По вчерашните долги преговори, двата клуба одлучија Роналдињо да се се пресели на Сан Сиро за 18,5 милиони евра, плус бонуси од дополнителни 1,5 милиони и во моментов треба само да се договорат деталите, односно Милан и Роналдињо да ги дефинираат личните услови.
Адриано Галијани и Хоан Лапорта вчера дојдоа до решение иако само половина час претходно изгледаше дека нема никакви шанси да дојде до такво нешто. Двајцата високи функционери се сретнаа на ручек во ресторанот на Барселона, Виа Венета и тоа околу 15 часот. Галијани претходно се слушнал со Роналдињо и се договорил за сите работи, но по двочасовниот состанок со Лапорта заминал во својот хотел и тоа во многу лошо расположение. За разлика од него, соработниците останаа во ресторанот и го очекуваа епилогот од преговорите.
За тоа време, Галијани имал телефонски разговор со сопственикот на Милан, Силвио Берлускони и Ернесто Бронѕети со кого отпатува во Барселона и токму тогаш биле разрешени сите дилеми. Италијанскиот премиер дал согласност понудата да биде крената на 20 милиони евра откако само еден ден претходно Милан бил подготвен да плати двојно помалку. Галијани подоцна се вратил во ресторанот и со Лапорта се договориле за трансферот на Бразилецот.
Роналдињо уште синоќа отпатува во Милано заедно со Галијани, а денеска ќе биде официјално претставен како нов член на седумкратниот европски првак и ќе присуствува на првиот тренинг на тимот во базата Миланело. Во својот нов клуб, Роналдињо ќе заработува по 6,5 милиони евра годишно, а Барселона ќе ги добие парите за отштета до 2011 година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|