среда, 16.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Euro 2008
Спорт / Фудбал

НА ПОВИДОК РАЗРЕШНИЦА НА СЛУЧАЈОТ “СУСПЕНДИРАНИ ФУДБАЛЕРИ НА ВАРДАР”
Коки се договори со Јорде, Перендија и Станковиќ!!!

”Имав состанок со тројцата и мислам дека најдовме заеднички јазик, следуваат состаноци со останатите”, ни изјави потпретседателот на Вардар, Коста Костовски

Се чини дека на повидок е разрешница на случајот “суспендирани фудбалери на Вардар”. По вчерашната прес - конференција на деветтемина “вардарци”, а потоа и по изјавата на потпретседателот на Вардар, Коста Костовски, за нашиот весник дека и двете страни сакаат договор од вчера истиот стапува на сцена.

Имено, Коста Костовски од името на Вардар имаше состаноци со Јорде Георгиевски, Милан Перендија и Славен Станковиќ и како што самиот потпретседател на “црвено - црните” ни напомена постигнат е договор со кој се “ослободуваат” тројцата од суспензијата.

“Не би сакал да говорам за детали, но точно е дека имав состанок со Јорде Георгиевски, Милан Перендија и Славен Станковиќ. Мислам дека најдовме заеднички јазик. Реков за деталите нема да говорам, но еве ако сакате многу блиску сме да ги решиме сите дилеми. Останува во текот на следните денови да се сретнеме со останатите и со нив да се договориме на заедничко задоволство. Јас и претходно реков дека Вардар ќе најде сила и ќе направи напор овој проблем да го разреши и еве се обидуваме тоа да го сториме. Знаеме дека овие играчи беа во некоја 'мат - позиција' и најдобро е што побргу и што побезболно да се излезе од таа ситуација”, ни изјави Коста Костовски.

Значи во деновите што претстојат и останатите “суспендирани” ги очекува разговор, а зошто да не и договор со Вардар. Со ова конечно ќе се разреши целиот случај кој го “потресуваше” мак - фудбалот во изминатите денови.

З. Ѓоршоски


***
Георгиевски потпишува за Тирана

Самиот Георгиевски ни потврди дека се договорил со Костовски и дека во текот на денешниот или утрешниот ден ќе потпише за ФК Тирана каде што тренер е Блаж Слишковиќ. Трансферот е договорен, отштета од 30.000 евра која ја бараше Костовски е намалена на 15.000 евра па така сега нема никакви пречки еден од нашите најдобри голмани и некогашен капитен на Вардар и Работнички (има настапувано и во Македонија ЃП и Караорман) да го направи првиот трансфер надвор од нашата земја.


***
РАТКО ДОСТАНИЌ:

Ѓошевски останува во Скопје

Точно во 8 часот, денеска експедицијата на Вардар ќе отпатува на десетдневни подготовки во Охрид. По враќањето од Златибор и неколкудневното тренирање во Скопје од денеска “црвено - црните” се во Охрид каде што ќе останат до 26 јули.

“Нема некои посебни проблеми со повредите па затоа сите играчи ќе патуваат во Охрид. Единствено грижи ни задава Никола Ѓошевски, кој останува во Скопје уште неколку дена со цел да не пропушти дел од терапија по повредата на мускулот. Емурлаху е в ред, направен е ултра-звук и тој ќе дојде додека Божиновски и Јанчевски веќе тренираат. Не беа во тимот против Маџари С затоа што не сакавме ништо да ризикуваме. Во Охрид н$ очекува напорна работа, покрај секојдневните тренинзи по неколку пати на ден ќе одиграме и три пријателски средби во кои шанса ќе добијат сите играчи. Првенството наближува и веќе мораме да мислиме на воигрување на првиот тим”, ни изјави стратегот на Вардар.

***
Денеска со Силекс во 18 часот

Денеска, на теренот на СРЦ “Билјани извори” Вардар ќе ја има четвртата контролна средба во текот на овие летни подготовки. Ривал ќе биде тимот на Силекс, а натпреварот почнува во 18 часот. На 19 јули (сабота) во Кичево тимот на Ратко Достаниќ ќе ги одмери слите со кичевскиот прволигаш Напредок, а на 26 јули (сабота) за крај спаринг - партнер ќе биде албанскиот клуб ФК Тирана (мечот се игра во Охрид исто така на теренот на СРЦ 'Билјанини извори'). За потсетување досега Вардар загуби од ОФК Београд со 1:2 и Будуќност со 0:2 (двата меча се играа на Златибор) а го совлада минатата сабота второлигашот Маџари С со 3:1.

***
До 20 јули ќе “стигне” и Ли - Нинг

Како што сме информирани од канцеларијата на Вардар, во текот на следните неколку дена, најдоцна до 20 јули фудбалерите и стручниот штаб ќе добијат нова опрема (дресови и шорцеви за натпревари, маици, тренерки за тренинг и сл). Како што е познато, опремата ќе биде од познатата фирма “Ли - Нинг”. Во оваа опрема “новиот” Вардар ќе атакува на двојната круна во текот на наредната сезона.


Наjновo од Спорт
Коки се договори со Јорде, Перендија и Станковиќ!!!
Роналдињо оди во Милан
Челзи дава 60 мил. евра за Робињо
За Јувентус заврши преодниот рок
Сега Тотенхем бара повеќе пари за Бербатов
Златна “0” од Баку!
Во Мајами ги собра сите овации
Роналдо ја “откачи” Нереида
Малку се губи, многу добива!
Бекенбауер: Нема план “Б” за СП 2010
Бербатов за 28 мил. фунти на Олд Трафорд
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи