петок, 18.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

КУМАНОВСКИОТ ТИМ СО ДВА ГОЛА НЕГАТИВА СЕ ВРАЌА ОД ГОСТУВАЊЕТО ВО НИКОЗИЈА КАЈ ОМОНИЈА
Милано загуби, но не се посрамоти!

Среќата го спаси домаќинот во првиот дел, а во вторите 45 минути Милано можеше да загуби и поубедливо


Стадион: “Нео Гсп” во Никозија. Гледачи: 15.100.

Стрелци: Кукај 21' (аг), Жлогар 64' (О)

Ж. Картони: Жлогар, Кафу (О) - Ристов (М).

Играч на натпреварот: Деметрис Христофи.

Милано имаше повеќе од солидно деби на европската сцена. Екипата од Куманово синоќа загуби од Омонија, но не се посрамоти. Можеби резултатот кажува нешто друго, меѓутоа оние кои вчера беа присутни на Нео Гсп стадионот во Никозија ќе се согласат дека видоа повеќе од она што го очекуваа од нашиот вицешампион. Особено ова се однесува за првиот дел кога доминацијата беше на страна на гостинот. Милано му се спротивстави на противникот со агресивна игра на средината на теренот, со безброј кратки додавања, а тоа создаваше нервоза кај силната Омонија, која на овој натпревар не покажа дека следната сезона ќе атакува на титула и покрај многу потрошените пари за засилувања. Напротив, првата шанса ја имаше кумановскиот тим кога Алими за малку ќе донесеше студен туш во Никозија. Се разиграа фудбалерите на Милано, не му дозволија на противникот да се размавне, но големите и поискусните секогаш ги следи и среќа. Омонија поведе со многу среќен гол откако Кукај сам си ја затресе мрежата. И кога се мислеше дека почнува тонењето на бродот, “жолтите” не се предаваа. Играа паметно, тактички многу добро поставено и многу борбено. Можеа да дојдат и до нерешено во вториот дел, меѓутоа не успеаја да ја надмудрат бавната одбрана на Омонија.


Во вториот дел Милано дозволи противникот да направи играч повеќе во нападот и да го “бомбардира” голот на Нурединовски, кој одлично ја чуваше својата мрежа. Се почувствува опуштеност во редовите на македонскиот вицешампион, а тоа Омонија го користи и во 64. минута Жлогар носи водство од 2:0. Следеа уште шанси, можеше да биде и три разлика, но и кумановци да намалат. Борче Маневски е трагичар во вториот дел кога од две убави шанси не ја тресе противничката мрежа.

Милано има солиден резултат пред реваншот во Куманово во кој “црвено-црните” ќе атакуваат на пласман во следната фаза со оглед на играта која ја покажаа тука, во Никозија, а сега знаат дека и Омонија не е ништо посебно...


СТАТИСТИКА

ОМОНИЈА МИЛАНО

4 корнери 2

10 прекршоци 9

16/5 удари/во 5/2

2 офсајди 2

2 ж. картони 1


Минута по минута...

7' - Одлична шанса за Милано!!! Глигоровски до Алими, кој од косо од десно успеа да шутира, а Јоргалидис со врвот од прстите спасува чист гол

19' - Обид на Дуро од лево, топката завршува само во надворешниот дел од мрежата на Нурединоски

1:0 - 21' - Милано несреќно прима гол. Кукај во обид да ја расчисти опасноста, стрела во сопствената мрежа по нафрлувањето од лево на Клејтон. Нурединоски е немоќен, топката прелета преку него и заврши во голот

37' - Дуро изненадно шутира од 30 метри, Нурединоски со мали проблеми, сепак, на крајот ја собра топката во рацете

52' - Христофи нафрла од десно, несогласување меѓу Нурединовски и одбраната, голманот на Милано “исплива”, топката стигна до Клејтон, кој шутира, но само во надворешниот дел од мрежата на празниот гол

56' - Дуро во празно за Клејтон, кој излезе сам, но Нурединовски добро следи и во последен момент ја прифати топката

57' - Прекрасна можност за Милано, Трајчев во празно за Маневски, кој беше сам на 16 метри, но Јоргалидис со многу среќа излезе и топката удри во него со што ја отстрани опасноста

61' - Бомба на Дуро од 25 метри, Нурединовски бравурозно интервенира избивајќи ја топката во корнер

62' - По изведениот корнер Плеч собира еден “отпадок” и шутира силно, Нурединовски брани, на топката натрча Кафу, но повторно голманот на Милано брани, и на крајот во мешаницата чуварот на мрежата успеа да ја собере топката и повторно да спаси опасност

2:0 - 64' - Контра на Омонија откако сите играчи на Милано останаа на противничката половина, топка доби Христофи на десната страна, нафрли, Ристов беше прекус, а Жлогар со глава пласира неодбранливо под пречката

69' - Обид на Дуро од далеку, Нурединоски повторно одлично интервенира

70' - Јусуфи во празно до Маневски, овој излезе сам, шутира, но топката мина милиметри крај левиот дирек од Јоргалидис

***
Кафу “глумец”

Во 72. минута при еден дуел на Кафу со одбранбените играчи Ганчев и Ристов во шеснаесетникот на Милано, “падна” на тревата, а се слушна свирката на главниот судија. Радост на трибините, меѓутоа за кратко и свирежи бидејќи Кафу доби жолт картон поради глума, а пенал разбирливо не беше покажан.

***
Милано во жолто

Првиот дуел во Европа во својата историја, Милано го одигра во невообичаена жолта комбинација. Ова е чудно со оглед дека до сега нашиот тим играл или во црвено-црни или во бели дресови. Но еве кумановскиот тим се реши нешто да промени и на теренот во Никозија излезе обоен во жолто.

***
Теренот “камен”

Во текот на завчерашниот ден за време на тренингот на Милано фудбалерите и стручниот штаб се пожалија на теренот на Нео Гсп стадионот во Никозија. И со право, затоа што беше тврд како камен. Мислејќи дека следниот ден ќе биде полиен со вода и дека ќе биде подобро, се излажаа. Тој и за време на мечот остана ист и им создаваше потешкотии. Соколи дури се пожали и до судијата и до делегатот за “тепихот” на стадионот во Никозија.


ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ

НЕДИМ ДУДИЌ

“Требаше да играме многу сериозно за да дадеме два гола. Екипата на Милано покажа дека заслужува респект и дека е доста квалитетна. Сметам дека ќе успееме да го сочуваме овој резултат на реваншот во Македонија и дека ќе се пласираме во следната фаза”, рече домашниот тренер.

БИЛБИЛ СОКОЛИ

“Не ги искористивме шансите во првиот дел, потоа почна сè да оди лошо. Не ми останува ништо друго освен да ја честитам победата на Омонија и да им посакам сè најдобро во иднина. Остануваат уште 90 минути и ќе дадеме сè од себе да пробаме да минеме во следната фаза”, рече Соколи.


Наjновo од Спорт
Милано загуби, но не се посрамоти!
Отказ за пијаниот Крстев!
Реал доби буџет од 400 милиони евра
Бабунски: “Нема место за еуфорија”
Славков тренер на Форца
Робињо, прва желба на Барселона
Фетел од 2009 во Ред Бул
Роналдињо: Го живеам миланскиот сон!
Анри најдобриот “топчија” низ историјата
Роналдињо-манија во Милано
По сензација на европското деби!
Серија “А” и натаму е корумпирана
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи