сабота, 19.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

АКО НЕ УСПЕЕ ПЛАНОТ СО РОБИ КИН
Ливерпул се врти кон Ето

Ливерпул најверојатно ќе се сврти кон Самуел Ето во овој преоден рок ако во следните две недели не успеат преговорите со Тотенхем за трансфер на Роби Кин. Камерунскиот репрезентативец доби порака од новиот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола дека не е во плановите за следната сезона и веднаш потоа им беше понуден на неколку врвни европски клубови. Сепак, поради високата отштета што ја бара Барса, но и големата плата на Самуел Ето, ниеден од нив се уште не испратил официјална понуда до раководството на каталонскиот клуб.



Сепак, до крајот на летниот преоден рок остануваат уште повеќе од 40 дена, доволно време за клубовите од Премиер-лигата да ги покријат дупките во своите редови. Ливерпул има сериозни планови за новата сезона кои се врзани со освојување на шампионска титула и веќе почна сериозно да се засилува. Засега, најважно е тоа што е задржан костурот од минатата сезона, а со парите од продажбата на Питер Крауч и Јон Арне Рисе треба да се купи елитен напаѓач кој ќе му прави друштво на фантастичниот Фернандно Торес. Токму Самуел Ето е тип на играч кому совршено ќе му одговара Торес бидејќи двајцата имаат различен стил и одлично би се надополнувале.



Се очекува во текот на викендот на преговори да седнат претставници на двата клуба и агентот на Ето, Хозе Мариа Месаљес, но прогнозите се дека тие нема да одат многу лесно затоа што напаѓачот досега не направил ништо од своја страна како притисок за евентуално да биде продаден. Добра работа во целиот случај е тоа што Барселона за него би добила барем 20 милиони евра бидејќи Ливерпул толку планираше да плати за Роби Кин иако оваа сума би можела да оди и нагоре поради очигледната разлика во квалитет која е далеку на страната на Ето. И за Камерунецот трансферот во Ливерпул би бил одлична опција затоа што конечно би ја сменил средината каде стагнира веќе две сезони, би добил нови предизвици, а и идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите.


Наjновo од Спорт
Ливерпул се врти кон Ето
Дваесет и втори Охридски пливачки маратон
Милано загуби, но не се посрамоти!
Отказ за пијаниот Крстев!
Реал доби буџет од 400 милиони евра
Бабунски: “Нема место за еуфорија”
Славков тренер на Форца
Робињо, прва желба на Барселона
Роналдињо: Го живеам миланскиот сон!
Анри најдобриот “топчија” низ историјата
Роналдињо-манија во Милано
По сензација на европското деби!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи