
|
 |
Спорт / Фудбал
МИЛЕ КРСТЕВ СО СВОЈАТА ПРИКАЗНА ОКОЛУ ПИЈАНСТВОТО ВО ХОЛАНДИЈА Пиев и немав среќа - ме фатија!!!
*”Тоа не е причина за раскинатиот договор со Вендам и затоа клубот сега ќе се извини преку медиумите”, открива фудбалерот
Што се случи со Миле Крстев!? Фудбалерот од своја гледна точка ја коментира скандалозната вест од Холандија која говори дека нашиот фудбалер имал проблеми со полицијата откако бил фатен со 2,2 промили алкохол во крвта.
“Како и секој човек така и јас имам право на приватен живот. Не кријам дека таа вечер бев надвор но немав среќа затоа што на 30 метри од барот имаше полиција која ме сопре. Но тоа не е причината за моето заминување од Вендам”, коментира Крстев.
Поранешниот репрезентативец вчера имаше нова средба со челниците на клубот кога и официјалнмо беше раскинат договорот со тоа што клубот ќе треба на Крстев да му исплати одредена сума на пари.
“Вендам ќе ми се извини преку медиумите затоа што е направена грешка. Тоа што сум бил фатен од полицијата нема врска со раскинатиот договор. Па пред извесно време и друг наш играч имаше таков проблем па договорот не го раскина. Да не зборувам за оние големите фудбалски ѕвезди кои постојано имаат исти проблеми. Работава е во тоа што веќе цело лето инсистирам да се раскине договорот и да заминем во друг клуб. Има некои конкретни преговори но кога се ќе биде официјално ќе се знае името на мојот нов клуб”, е завршниот став на Крстев кој две сезони го носеше дресот на Вендам.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|