
|
 |
Спорт / Фудбал
Фергусон е лицемер и лажго
Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви остро го нападна Алекс Фергусон поради однесувањето на шкотскиот стручњак при обидот во своите редови да го донесе бугарскиот репрезентативец Димитар Бербатов. Постојаниот притисок од менаџерот на Манчестер Јунајтед го принуди Леви во саботата да објави официјално соопштениево кое Фергусон го нарекува лицемер, а неговото однесување "срамно".
"Јавното признание на менаџерот на Манчестер Јунајтед со кое ја потврди понудата и уште повеќе својата увереност во прифаќањето од нашата страна, а врзано со еден од нашите најдобри фудбалери, е олицетворение на ароганцијата. Неговите зборови се на самиот врв на некоректното однесување на менаџер од Премиер-лигата, а со тоа само се потврдува неговото лицемерие откако во последниот период го критикуваше Реал Мадрид за "врбувањето" на Кристијано Роналдо. Поради тоа упативме официјален приговор до челниците на Премиер-лигата на однесувањето на Јунајтед. Претходно се пожаливме на и на Ливерпул кој не бира средства да дојде до Роби Кин. Однесувањето на двата клуба е срамно. Од самиот старт ги разуверивме во достапноста на овие фудбалери, но нашите зборови како да не стигнаа до нив. И Ливерпул и Манчестер продолжија со контактите со агентите на фудбалерите без наша дозвола и јавно го компромитираа Тотенхем објавувајќи на сите страни дека се во напредни преговори со Кин и Бербатов", се вели во соопштението на Леви.
Конфликтот на Тотенхем со Ливерпул датира од март 2006 година кога менаџерот на "црвените" Рафа Бенитез јавно објави дека лондонскиот клуб е очаен да се ослободи од Џермејн Дефо. Од друга страна, Манчестер Јунајтед веднаш реагираше на критиките од страна на Тотенхем и тоа со соопштение од своја стран во кое се вели дека "во клубот се свесни за обвинувањата" и дека во иднина "максимално ќе соработуваат со Премиер-лигата со цел да се докаже нивната невиност". Пред извесно време Фергусон беше обвинет и од раководството на Рома дека е лицемер поради тоа што без знаење на римскиот клуб потпишал договор со еден 16-годишен фудбалер.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|