понеделник, 21.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Сега Робињо сака да си оди од Реал

Бразилскиот репрезентативец Робињо продолжува со своите превртливи изјави. Откако минатата недела изјави дека не размислува за заминување од Реал Мадрид и дека неговата иднина е на Сантијаго Бернабе, во саботата се премисли и рече дека му е веќе доста од шпанскиот првак и сака да си оди оттаму колку е можно побрзо. Марка објави дека Робињо тоа му го соопштил и на спортскиот директор на Реал, Предраг Мијатовиќ со кого имал состанок на 14 јули и му ги предочил своите ставови во врска со неговиот статус во "кралскиот клуб". И агентот на Робињо, Вагнер Рибеиро го предупредил раководството на шпанскиот гигант дека нивното однесување е непримерно и дека претседателот и спортскиот директор комплетно го потцениле младиот фудбалер кој беше меѓу најдобрите играчи минатата сезона.

Неофицијално, Бразилецот веќе се сретнал со претставниците на Челзи и ги прифатил сите нивни услови, меѓутоа и натаму не сака да потпише договор бидејќи при евентуално доаѓање на Кристијано Роналдо во Реал, тој би се упатил кон Манчестер Јунајтед.

И Барселона и Рибеиро во текот на викендот демантираа дека Робињо би можел да се пресели во Барселона откако минатата недела излезе информација во шпанските медиуми дека гигантот испратил официјална понуда до Реал. Оттука е јасно дека 24-годишниот Бразилец својата кариера може да ја продолжи само во еден од финалистите на последното издание на Лигата на шампионите.


Наjновo од Спорт
Дрогба го одбил Мерцедесот на Роман
Јувентус понудил 15 милиони фунти за Ван Перси
Без промени во Топ 10
Нови заминувања од Пелистер!!!
Хрватска, Грција и Германија одат за Пекинг
Гечевски повторно во Задар?
Сега Робињо сака да си оди од Реал
Фергусон е лицемер и лажго
Милан ги одби 100 милиони евра на Абрамович за Кака
Жули три години во ПСЖ
Пиев и немав среќа - ме фатија!!!
Ливерпул се врти кон Ето
Милано загуби, но не се посрамоти!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи