
|
 |
Спорт / Фудбал
Нови заминувања од Пелистер!!!
Финансиска криза во битолски Пелистер. Ако пред десетина дена од клубот си заминаа Илир Елмазовски и Горан Пашовски (двајцата во Шкендија) сега доаѓа и вториот бран на одлевање на најдобрите фудбалери. Веќе и официјално од Пелистер си замина екстра талентот Мирко Ивановски. Станува збор за младински репрезентативец и еден од најдобрите млади фудбалери во земјава. Тој вчера го напушти "Тумбе кафе" и кариерата ја продолжува меѓу "лавовите".
Но Ивановски не е единствениот кој гласно размислува дека ќе ја напушти Битола. Менде Степановски пред неколку дена потпиша договор со Пелистер но за него има интерес од странство иако за услугите на квалитетниот стопер е загреан и тимот на Милано од Куманово.
Пелистер има супер тим кој во минатата сезона имаше одличен пласман и трета позиција на табелата. Супер настапи имаше и Дејан Блажевски кој според сите очекувања ќе фати нов правен и ќе го напушти "Тумбе кафе" по реванш дуелот со АПОЕЛ. И тој посакува интернационална кариера иако за него има интерес од Вардар.
Управата на Пелистер е свесна дека постои проблем околу финансиите и во ваквите моменти е немоќна да се справи со најавите за заминување на поедини фудбалери. Проблемот настана откако неколку од спонзорите се откажаа од Пелистер а тоа важи за фирмата од Грција и "Би-милк". Пари ова лето не префрли и "Литекс".
Покрај стандардните првотимци нови клубови бараат и резервите од типот на Вељановски и Љупче Мицевски. На чекање е и Тони Питошка кој бара 1.800 евра од клубот за операција на скинатите лигаменти на десното колено. Ваквите лоши вести од Битола ја вознемируваат комплетната фудбалска јавност во земјава затоа што наповидок е одлевање на најдобрите фудбалери на тимот кој требаше да му биде еден од конкурентите на Вардар за највисок пласман.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|