
|
 |
Спорт / Фудбал
Макелеле три години во ПСЖ
Довчерашниот фудбалер на Челзи и француската репрезентација Клод Макелеле од вчера е член на ПСЖ откако потпиша тригодишен договор (2+1) со парискиот клуб. И во новата екипа, Макелеле ќе го носи дресот со број четири и се очекува да биде големо засилување во битката за враќање на ПСЖ во врвот на францускиот фудбал.
 "Секогаш во Париз сум се чувствувал како дома. Тоа е најубавиот главен град на светот и се надевам дека тоа ќе ми помогне да го извадам најдоброто од себе и да му помогнам на ПСЖ. Морам да кажам и дека играњето во овој клуб отсекогаш бил предизвик за мене. Толку многу сакав да дојдам овде, што на крајот и луѓето од Челзи одлучија да попуштат и да ме ослободат од договорот кој беше со важност на уште една сезона", изјави Макелеле на вчерашната промоција во клупските простории.
ПСЖ не објави колкава ќе му биде платата на Макелеле, но барем е јасно дека по две години како играч, фудбалерот од средниот ред ќе остане во клубот и ќе врши една од тренерските функции. До минатиот месец, тој беше дел и од француската репрезентација, но по слабите резултати на "триколорите" на европското првенство, одлучи да го напушти националниот тим.
"Клод беше еден од нашите најголеми приоритети ова лето. Тој имаше одлични настапи и во Челзи и во француската репрезентација и без разлика на возраста, мислам дека ќе биде еден од нашите најдобри фудбалери", рече претседателот на "светците", Шарл Вилнев.
Макелеле е третото бомбастично засилување за ПСЖ ова лето по Лудовик Жули од Рома и Лилиан Турам од Барселона иако вториот најверојатно нема да игра поради срцева аномалија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|