
|
 |
Спорт / Фудбал
РАБОТНИЧКИ - ИНТЕР БАКУ 1:1 (0:0) Без пораз во "аут"
Фудбалерите на македонскиот шампион низ далеку подобро издание во однос на она првото од Баку сепак се елиминирани од натамошните рунди во квалификациите од Лигата на шампионите откако на "Градски" одиграа само 1:1 со азербејџанскиот шампион Интер.
Тринаесет минути го делеа Работнички од пласман во 2. квалификациско коло и натпревари со белградски Партизан, меѓутоа не издржа концентрацијата на нашите фудбалери кои во финишот од вчерашниот дуел ја немаа и онаа среќа од Баку дозволувајќи Чехот во редовите на Интер, Бранислав Червенка да ја "затемни" надежта за успех.
Избраниците на Бобан Бабунски овој пат целосно ги надиграа Азербејџанците кои принудно, поради состојбите во Работнички ова лето, ја презедоа улогата на фаворите во овој дуел. Уште од стартот на средбата јасно се почуствува желбата кај нашите фудбалери да го продолжат престојот на европската сцена. Без доминација на двете страни главно преку обиди од далечина се одвиваше играта се до 26. минута кога капитенот на Работнички, Баже Илијоски низ соло продор избивајќи сам пред гостинскиот голман стрелаше само во дирекот од голот на Симеонов. Аззербејџанците се заканија во неколку наврати преку нивниот најдобар стрелец Хагани Мамадов меѓутоа сосема безопасно по голот на Љупчо Кметовски.
Второто полувреме стартуваше сосема идеално за нашиот претставник во Лигата на шампионите. Одличната центаршут на Минас Османи од левата страна мајсторски го искористи Крсте Велковски за водство кое значеше и пласман на "романтичарите" во следната рунда европски натпревари. По водството, можеби изненадувачки, но Работнички и натаму ја контролираше играта. Гостите сосема безопасно дејствуваа како екипи која воопшто не заслужува да го мине и сосема новиот тим на нашиот шампион, меѓутоа во 77. минута само една убаво изведена акција по левата страна им беше доволна за сепак да ја остварат посакуваната цел. Тринаесетте минути надеж пред домашната публика "романтичарите" сепак, не изведувајќи ниту една поконкретна акција, не можеа да ги искористат за да го доведат резултатот во сопствена полза.
Работнички ја заврши кратката европска годинашна одисеја. Не загуби во двата европски дуели, а сепак нема место во продолжението. Јасно е дека, со оглед на брзото склопување нов тим, составот на Бабунски апсолутно ништо не губи со оваа елиминација. Жалосно е што фудбалерите пред себе го имаа патот кон Партизан, сами се доведоа во победничка ситуација и ја испуштија. Но, веројатно веќе сега мислите послободно ќе бидат насочени кон новото првенство, во кое "романтичарите" сигурно повторно треба да играат значајна улога.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|