четврток, 24.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Мафијаши се обиделе да го купат Лацио

Засега непозната мафијашка групација се обидела преку трети лица да го купи мнозинскиот пакет акции во Лацио, а за остварување на целта биле искористени пари од рекетирање и насилство, објавија вчера италијанските власти. Планот на кланот "Касталези" кој е дел од Камората (мафијата од Неапол) излезе во јавноста откако римската полиција уапси десет лица како дел од обемната полициска акција, а меѓу нив има и италијански државјани и странци. На крајот акцијата е успешно завршена и римскиот клуб и во иднина ќе остане на Лотито.

И во минатото Лацио имал врски со мафијашките кланови во Италија. Во 2006 година претседателот Клаудио Лотито мораше да ангажира полициска заштита откако претходно доби закани по неговиот живот од најрадикалните навивачи на клубот. Тие се обидоа да го принудат да го продаде Лацио и тоа на конзорциум предводен од поранешниот фудбалер и претседател на римјаните Џорџо Киналија. Овој подоцна, сепак, се повлече откако беше обвинет за пазарни шпекулации во обидот да стигне до управувачкиот пакет во клубот. Лотито исто така е под истрага поради тоа што наводно стигнал до акции на нечесен начин. Случајот се уште не е затворен бидејќи претседателот демантира дека направил нешто незаконито.

Лацио во моментов се наоѓа во голема финансиска криза која се одрази на минатогодишниот пласман во Серија "А" кога "сините" завршија на 12. позиција. Со оглед на составот на тимот, ниту во претстојното првенство не може да се очекува да се искачи погоре од средината на табелата.


Наjновo од Спорт
Пандев е новиот Муту во Фиренца!?
Леброн неизвесен за Пекинг?!
Оптимизам и самодоверба
Евакуиран олимпискиот центар за известување во Пекинг
Ѓоковиќ без проблеми во третото коло
Лампард на пат да стане најплатен британски фудбалер
Робињо ја обнови верноста кон Реал
Клубовите мора да ги пуштат играчите во Пекинг
Барселона вечно во моето срце
Хаџиевски е предавник за Олимпик!
Против Шкотска од 15 часот
Нови проблеми за Венгер, Туре заболел од маларија
Меси ја превзема легендарната "10" во Барселона
Челзи бара 25 мил. евра за Дрогба
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи