четврток, 24.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Челзи бара 25 мил. евра за Дрогба

Челзи побарал од Барселона 25 милиони отштета за својот напаѓач Дидие Дрогба, па шпанските медиуми сега тврдат дека репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска се наоѓа многу блиску дио трансфер на Ноу Камп. За каталонскиот тим оваа сума не е голем проблем, а со оглед на тоа што очајно му е потребен првокласен напаѓач, можно е уште до крајот на оваа недела трансферот на Дрогба да биде реализиран. Челзи део пред неколку дена не беше расположен да го продаде својот фудбалер, но во меѓувреме работите значително се променија, напаѓачот не замина на подготовките во Азија со остатокот од тимот и тоа е доволен показател дека во екипата нешто не е во ред.

Дрогба самиот неодамна изјави дека посакува нови предизвици во кариерата и дека би сакал да заигра во шпанското првенство. Минатото лето беше една од најголемите желби на најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид, но од "кралскиот клуб" доби порака дека е престар и трансферот пропадна. Веднаш по отказот што го доби Жозе Мурињо минатиот септември Дрогба повторно побара од раководството на клубот да биде продаден, меѓутоа и покрај тоа остана на Стемфорд Бриџ до крајот на сезоната.

Пред околу еден месец актуелен беше предлогот на Барселона за размена на африканските напаѓачи Ето и Дрогба, но Челзи ја отфрли таа можност. Сепак, тоа сега повторно е "на маса" бидејќи англиските медиуми објавија дека лондонскиот клуб се договорил со Ето и дека следниве денови треба да биде реализиран трансферот на Камерунецот на Стемфорд Бриџ по што Дрогба ќе замине во спротивен правец.


Наjновo од Спорт
Пандев е новиот Муту во Фиренца!?
Леброн неизвесен за Пекинг?!
Оптимизам и самодоверба
Евакуиран олимпискиот центар за известување во Пекинг
Ѓоковиќ без проблеми во третото коло
Лампард на пат да стане најплатен британски фудбалер
Робињо ја обнови верноста кон Реал
Клубовите мора да ги пуштат играчите во Пекинг
Барселона вечно во моето срце
Хаџиевски е предавник за Олимпик!
Против Шкотска од 15 часот
Нови проблеми за Венгер, Туре заболел од маларија
Меси ја превзема легендарната "10" во Барселона
Челзи бара 25 мил. евра за Дрогба
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи