Спорт / Фудбал
Нови проблеми за Венгер, Туре заболел од маларија
 Дефанзивецот на Арсенал, Коло Туре се заразил од маларија додека бил на одмор во својата татковина, Брегот на Слоновата Коска.
Болеста била откриена на првиот ден од неговото пристигнување во Европа, и тоа во Виена каде беше зборното место на "топчиите" во пресрет на подготовките кои екипата на Венгер ќе го мине во Австрија и Унгарија. 27-годишниот дефанзивец се пожалил на покачена температура и веднаш бил префрлен во болница.
Најверојатно Туре ќе го пропушти почетокот на новата сезона, што ќе предизвика дополнителни проблеми зџа менаџерот Арсен Венгер. Галас, Џуру и Сендерос, исто така, ќе бидат надвор од тимот на стартот на сезоната.
|