
|
 |
Спорт / Фудбал
Хаџиевски е предавник за Олимпик!
Вицешампионот на Азербејџан, Олимпик Баку упати критики кон македонскиот тренер на клупата на ФК Баку, Ѓоко Хаџиевски. Причината е поради тоа што екс селекторот на репрезентацијата на Македонија кој сега работи во Азербејџан, им дал касети на Војводина од натпревари на Олимпик во лигата минатата сезона. Војводина е противник на Олимпик во првото квалификациско коло од Купот на УЕФА, а првиот меч во Нови Сад заврши со победа на српскиот тим 1:0.
"Кај нас постојат правила и норми, и не може тој така да се однесува. Всушност тој работи во Азербејџан", истакна тренерот на Олимпик, Норвуз Азимов.
На клупата на Војводина седи Драгољуб Беквалац, тренерот кој и ги донесе двете титули на Работнички минатата сезона.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|