
|
 |
Спорт / Фудбал
Барселона вечно во моето срце
Една недела откако ја напушти Барселона и се пресели во Милан, поранешната ѕвезда клубот Роналдињо со писмо се прости од каталонските навивачи. Со нив помина пет години, освои две титули во Примера и една во Лигата на шампионите и, како што призна самиот, постојано ја нивната чувствувал поддршката.
"Пред се, сакам да кажам колку сум им благодарам на навивачите на Барселона. Секој момент што го поминав таму ме правеше среќен, а кога не ми одеше вие ми дававте сила. Уживав да играм за овој клуб и сакав истото чувство да го имаат и навивачите. Потпишав за голем клуб, меѓутоа морам да признаам дека со голема тага го напуштам местото кое ми донесе многу убави моменти и радост. Бев среќен во Барселона и со Барселона. Затоа, овој град и клуб секогаш ќе остане во моето срце", се вели на почетокот од писмото на Роналдињо упатено кон навивачите на каталонскиот клуб.
Во него, меѓу другото, Бразилскиот ас им се заблагодари на соиграчите, тренерите, медицинскиот персонал и сите луѓе кои работеа во клубот и учествуваа во остварувањето на големите успеси во петте сезони минати на Ноу Камп. На крајот на фановите и им ја објасни неговата фудбалска филозифија што постојано го движи во животот.
"Ние Бразилците играме фудбал за да ги направиме луѓето среќни и мене ми е мило што тоа го направив во Барселона. Фудбалот е игра, забава, спорт за уживање и мора да го играте со насмевка. Ви благодарам што се смеевте со мене", додаде поранешниот најдобар светски фудбалер.
Роналдињо доживеа спектакуларен пречек во Милано каде се уште трае еуфоријата по неговото доаѓање. Во текот на вчерашниот ден клубот продаде уште две илјади сезони билети и за само една недела вкупниот број на претплатници за натпреварите на Милан ја достигна бројката од 27 илјади. Роналдињо ќе ги пропушти подготвителните натпревари за својот тим бидејќи ќе учествува на Олимписките игри во Пекинг за селекцијата на Бразил, но ќе се врати навреме за стартот на првенството во Серија "А". Единствената негова желба при заминувањето на подготовките во Бразил беше кога ќе се врати да го види Кака за кого има огромен интерес од Челзи.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|