
|
 |
Спорт / Фудбал
Клубовите мора да ги пуштат играчите во Пекинг
Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер со циркуларно писмо ги извести сите национални федерации дека фудбалерите под 23 години кои се на списоци за Олимписките игри мора да добијат дозвола од своите клубови. Одговорот дојде откако неколку клубови бараа толкување од ФИФА дали мора да ги ослободат своите платени ѕвезди од обврските за олимпискиот фудбалски турнир кој не е на официјалниот календар на светската фудбалска организација.
"Во последните две децении отсекогаш било задолжително да се пуштат фудбалерите под 23 години. Истиот принцип важи за Олимпијадата во Пекинг, а тоа што олимпискиот турнир не е во календарот на ФИФА, не значи дека обврската да се ослободат играчите не е повеќе на сила. Би било спротивно на олимпискиот дух на националниот федерации да им се скрати правото да ги ангажираат своите најдобри фудбалери кои се меѓу најдобрите во своите репрезентации. На конгресот на ФИФА пред четири години донесовме одлука дека секој клуб мора да ги ослободи сите фудбалери под 23 години кои играат на Олимпијадата. Постои можност репрезентациите да ангажираат и тројца фудбалер над оваа старосна граница, но тоа не е задолжително за клубовите иако очекуваме од нив да се солидаризираат со потребите на федерациите", рече Блатер.
Ова значи дека во Пекинг најверојатно ќе настапат ѕвездите на аргентинската и бразилската репрезентација Лионел Меси, Диего и Рафиња кои во последните денови имаа несогласувања со своите клубови во врска со нивниот настап на Олимпијадата. Последните двајца дури вчера и заработија суспензии од своите клубови поради тоа што место на подготовки отпатувале во Бразил на собирот на репрезентацијата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|