
|
 |
Спорт / Фудбал
Робињо ја обнови верноста кон Реал
Иако во последните неколку недели неколку пати објави дека ќе го напушти Реал Мадрид, Робињо вчера потпиша нов договор со својот клуб кој ќе биде со важност до 2013 година. Според него, во следните пет сезони Бразилецот ќе заработува по три милиони евра што е двојно повеќе од неговата сегашна плата. Робињо вчера замина во Австрија каде се наоѓа остатокот од тимот на подготовки, меѓутоа при доаѓањето во Мадрид изјави дека совршено е здрав, демантирајќи го со тоа тврдењето на шпанскиот првак дека наводно е повреден и дека поради тоа не може да игра на Олимпијадата во Пекинг.
Сепак, уште при потпишувањето на договорот Робињо го предупредил раководството на клубот дека во случај летово да биде ангажиран Кристијано Роналдо, тој сигурно ќе си замине од Сантијаго Бернабе. На истата позиција игра и Арјен Робен и Бразилецот не би сакал целата сезона да ја помине на клупата за резервни играчи или со нетрпение да го очекува моментот кога ќе влезе во игра.
"Ако дојде Роналдо, јас си одам. Ќе има премногу гужва во таков случај", порачал Робињо.
Целата ситуација од позадина ја набљудува извршниот директор на Челзи, Питер Кенјон кој многу пати досега истакна низа комплименти на сметка на бразилскиот талент. Летово наводно дошло до преговори меѓу агентот на фудбалерот и раководството на Челзи, но место трансфер, Робињо одлучи да остане во Шпанија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|