четврток, 24.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Лампард на пат да стане најплатен британски фудбалер

Френк Лампард најверојатно ќе ја заврши својата играчка кариера како фудбалер на Челзи откако неофицијално клубот најавил дека ќе му понуди нов договор за неделна плата од 150 илјади фунти. Со оглед на тоа што се очекува соработката да биде продолжена на пет сезони, Лампард на тој начин би станал најскапиот британски фудбалер бидејќи до истекот на договорот ќе му бидат гарантирани 39 милиони фунти.

"Клубот очајно посакува да го задржи Френк, разговори се одржуваат буквално секој ден и се надеваме дека наскоро тој ќе потпише договор до крајот на кариерата. Знаеме дека и Лампард не е рамнодушен на оваа понуда бидејќи ќе го направи најскап фудбалер, а во исто време ќе му овозможи да остане во Челзи до крајот на кариерата. Лошо е само тоа што за време на преговорите беа кажани многу лоши зборови од двете страни и може поради тоа да пропадне се", изјави за Сан неименуван функционер од Челзи.

Сепак, и покрај великодушната понуда од лондонскиот клуб, останува можноста Лампард ова лето да се пресели во Интер и да работи со својот поранешен ментор Жозе Мурињо. Англичанецот е прва цел на италијанскиот првак и досега испрати неколку понуди за негово ангажирање. Жозе Мурињо пред два дена изјави дека сепак е подготвен да почека една сезона за повторно да се спои со еден од своите омилени фудбалери со оглед дека во моментов Лампард има уште една сезона од договорот со "сините" и дека идното лето би бил слободен играч.


Наjновo од Спорт
Пандев е новиот Муту во Фиренца!?
Леброн неизвесен за Пекинг?!
Оптимизам и самодоверба
Евакуиран олимпискиот центар за известување во Пекинг
Ѓоковиќ без проблеми во третото коло
Лампард на пат да стане најплатен британски фудбалер
Робињо ја обнови верноста кон Реал
Клубовите мора да ги пуштат играчите во Пекинг
Барселона вечно во моето срце
Хаџиевски е предавник за Олимпик!
Против Шкотска од 15 часот
Нови проблеми за Венгер, Туре заболел од маларија
Меси ја превзема легендарната "10" во Барселона
Челзи бара 25 мил. евра за Дрогба
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи