
|
 |
Спорт / Фудбал
Пандев е новиот Муту во Фиренца!?
Горан Пандев е желбата број еден на Фиорентина доколку до крајот на неделава Адриан Муту најдобриот фудбалер на "виолетовите" замине во Рома за цифра од 19.000.000 евра. Фиорентина веќе ја прифати понудата за Романецот а весникот "Газета Дело Спорт" вчера објави дека најдобриот од Лацио ќе го предводи составот од Фиренца во новата сезона во Серија А но и во Лигата на шампионите. Горан Пандев веќе подолго време е трансферна цел на "виолетовите" од "Артемио Франки" каде што претседателот Пантенео Корвињо и тренерот Прандели нема да жалат пари за потписот на фудбалерот од Лацио кој со месеци неуспева да најде заеднички договор со клубот од Рим за продолжување на договорот.
Според еден од најпознатите спортски весници во Европа, Пандев лесно би си заминал од Лацио затоа што неговиоит менаџерски тим со години има најдобар соработка токму со Фиорентина.
Доцна синоќа Рома ја потврди веста дека се наоѓа пред потпис со Муту со што сега шансите за трансфер на Пандев во Фиорентина се зголемуваат. Тимот од Фиренца на својата листа на желби како замена за Муту по Пандев ги имаат Подолски (Баерн М), Баптиста (Реал М.), Адриано (Интер)...
Од Лацио во Фиорентина ова лето се пресели Заури а Бехрами го активираше правилото 17 на ФИФА и замина во Вест Хем. Истото правило може да го активираат и менаџерите на Пандев кои можат да го откупат договорот на фудбалерот од Лацио за помала сума од онаа која што ја бараат "небесносините" кои упорно ги одбиваат сите понуди за нашиот најодбар фудбалер.
Тимот од "Олимпико" вчера ниту ја демантираше а ниту ја потврди веста за најавеното заминување на Пандев во Фиренца. Претседателот Клаудио Лотито постојано е упорен во своите изјави дека Пандев е иднината на Лацио и дека тој сигурно ќе остане во неговата екипа. Сепак чуди тоа што нашиот репрезентативец во минатата сезона беше најдобриот во Лацио а клубот ни приближно не ги исполнува неговите барања. Струмичанецот има договор до 2010 година но на неговата адреса постојано доаѓаат понуди и тоа милионски. Колку сега Лацио ќе успее да се спаси и од најновиот налет од Фиорентина!? По веста за можното заминување на Пандев во Фиренца вчера на веб-порталите во Рим се јавија навивачите на Лацио кои најавија дека ако тој си замине тоа ќе биде уште една причина повеќе да го мрзат Лотито. Заминувањето на Македонецот би можело да му донесе многу непријатности на првиот човек на Лацио.
Лацио ќе добие 12.000.000 евра
Ако Пандев замине што ќе добие Лацио!? Медиумите откриваат дека Фиорентина е подготвена да плати сума од 12.000.000 евра за потписот на фудбалерот. Тоа значи дека "виолетовите" би заработиле 7.000.000 евра од продажбата на Муту и купувањето на Пандев. Сепак она што е најважно е тоа што Пандев во Фиорентина годишно ќе заработува 2,3 милиони евра а Лацио едвај му дава 1.000.000 евра.
Според говорот на бројките нашиот фудбалер е многу блиску до заминување во Фиорентина.
Не му даде гол на Римини
Во третиот тест меч за Лацио ова лето Горан Пандев за првпат не се запиша во листата на стрелците. Неговата екипа со 4:2 загуби од второлигашот Римини во меч на кој Пандев настапи до 60- минута. Според медиумите во Италија екипата на тренерот Делио Роси одигра многу лошо и имала негатива од дури 4:0.
Пандев на претходните две средби даде по два гола и е меѓу најдобрите стрелци во Лацио во подготвителниот период. Тимот се подготвува во планините крај Торино.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|