
|
 |
Спорт / Фудбал
Пуштете го Роналдо!
Аргентинскиот репрезентативец Карлос Тевез му порача на раководството на Манчестер Јунајтед дека е подобро да го пуштат Кристијано Роналдо да си оди ако фудбалерот навистина го сака тоа. Трансферот на Португалецот во Реал Мадрид со месеци е ударна приказна во сите светски медиуми, но Алекс Фергусон не ни размислува да го ослободи својот фудбалер со кој има договор на уште четири години. Реал понуди и 75 милиони евра, но не успеа да го премисли шкотскиот стручњак во чиј тим Роналдо е главна алка, па Тевез застана на страната на својот соиграч.
"Манчестер има одлични фудбалери, вклучувајќи го, се разбира, и Кристијано Роналдо. Јасно е дека тој е исклучително важен играч за нас, но неговото останување треба да зависи само од него. Потполно можам да го разберам, секој фудбалер сака да игра за Реал Мадрид. Точно е дека и Манчестер Јунајтед е најмалку на исто ниво со Реал, но ако Роналдо сака промена, тогаш неговата желба треба да се почитува. Кога ќе се случат вакви работи, ниедна страна не е задоволна, ни фудбалерот, ни клубот", изјави Тевез.
И покрај размислувањата на Аргентинецот, речиси ништо не може да го натера Фергусон ова лето да го продаде својот најдобар фудбалер. Дури и ако се знае дека Роналдо ќе ги пропушти првите два месеци од Премиер-лигата поради операцијата на ногата и прашање е дали ќе може да ја врати формата од минатата кампања.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|