среда, 30.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Роби Кин четири години во Ливерпул

Ирскиот репрезентативен напаѓач и досегашен член на Тотенхем, Роби Кин и официјално ги засили редовите на најтрофејниот англиски клуб Ливерпул, каде потпиша четиригодишен договор, чија вредност изнесува 24,1 милиони евра.

28-годишниот Роби Кин доаѓа на Енфилд како своевидна замена за Питер Крауч, кој замина во Портсмаут, а треба да биде енормно засилување во нападот, каде се очекува да му биде исклучително добар партнер на Фернандо Торес.

"Целиот мој живот сум голем навивач на Ливерпул и со овој трансфер ми се реализираше една дамнешна желба. Кога ќе ви се укаже ваква шанса, морате цврсто да ја зграпчите. Посебно сум возбуден што во нападот ќе играм заедно со Фернандо Торес, кој е веројатно најдобриот шпиц на светот во овој момент. Соработував одлично со Бербатов минатата сезона и очекувам уште подобра соработка со торес. Во најдобри години сум и со нетрпение очекувам да ја искористам укажаната шанса", истакна Кин во првата средба со новинарите во Ливерпул.

Инаку, Кин имал понуда од Ливерпул и пред 14 години, односно во 1994 година, кога сепак се решил да го облече дресот на Вулверхемптон, каде дојде од Крамлин Јунајтед. Во неговата кариера има настапувано за Ковентри Сити, Интер од Милано, Лидс Јунајтед и за лондонски Тотенхем, откаде доаѓа на Енфилд. За Спарс постигна преку 100 погодоци во последните шест сезони, а за ирската репрезентација има одиграно 81 натпревар и 33 постигнати голови.

"Роби има многу искуство од настапите во Премиер-лигата, но неговиот силен карактер и професионализмот се нешто посебно. Тој ќе биде прекрасен пример на нашите помлади фудбалери. Станува збор за многу интелигентен играч, кој знае да постигнува голови, но и правовремено на одличен начин да им асистира на своите колеги од нападот", рече тренерот на "црвените", Рафа Бенитез на презентацијата на неговото последно засилување, откако претходно ги доведе Андреа Досена, Филип Деген, Диего Кавалиери и Давид Нгогу.

Инаку, Кин во Ливерпул ќе го носи дресот со бројот седум, кој своевремено го носеа легендите на овој клуб, Кевин Киген и Кени Далглиш.

"Голема е честа да го носам овој дрес и воедно фантастична можност за мене. Доколку направам барем половина од она што Киген и Далглиш го сторија за клубот, би бил пресреќен", додава Ирецот.


Наjновo од Спорт
Почина поранешниот боксерски ас Мате Парлов
Фиго ќе глуми во филмот "Втор живот"
Робредо се навикна на хардкорт подлогата во Синси
Барса нуди 22 милиони евра за Трезеге
Браун со Пистонс во наредните две години
Роби Кин четири години во Ливерпул
Би можел да ја завршам кариерата во Стеауа
Навивачите на софиска ЦСКА бараат 250.000 долари
Роналдо ќе направи глупост ако замине во Реал
Голгетерски "домино ефект"
Сколари оди на четири трофеи
"Малите" се надеваат во чудо
Фергусон испратил шпион да го следи Роналдо
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи