среда, 30.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Барса нуди 22 милиони евра за Трезеге

Според информациите од Италија, Барселона пред својот закажан пријателски натпревар со екипата на Фиорентина, ќе ја искористи посетата на Апенините за да ја презентира понудата од 22 милиони евра за францускиот репрезентативец Давид Трезеге.

Барса веќе подолго време трага по врвен светски напаѓач, а Трезеге е на мета во текот на целиот преоден рок, иако новиот тренер Пеп Гвардиола имаше неуспешни обиди за преговори пред неколку недели.

Се претпоставува дека каталонскиот гугант би можел да го искористи и камерунскиот голгетер Самуел Ето во обидите да го доведе Трезеге на Ноу Камп, што би можело да влијае на првите луѓе на Јувентус, кои досега најавија дека францускиот ас не е за продажба. Интересно е тоа што Трезеге, кој во октомври ќе наполни 31 година не се наоѓа во врвна форма во подготвителниот период и досега беше засенет од новото засилување Амаури и Винченцо Јакинта, кои заедно постигнаа пет погодоци во последните две пријателски средби против Брондби и Борусија од Дортмунд.

Доколку Трезеге потпише за Барса, тој повторно ќе игра заедно со колегата од францускиот национален тим, Тјери Анри, со кој своевремено го креираа напаѓачкиот тандем во тимот на Монако.


Наjновo од Спорт
Почина поранешниот боксерски ас Мате Парлов
Фиго ќе глуми во филмот "Втор живот"
Робредо се навикна на хардкорт подлогата во Синси
Барса нуди 22 милиони евра за Трезеге
Браун со Пистонс во наредните две години
Роби Кин четири години во Ливерпул
Би можел да ја завршам кариерата во Стеауа
Навивачите на софиска ЦСКА бараат 250.000 долари
Роналдо ќе направи глупост ако замине во Реал
Голгетерски "домино ефект"
Сколари оди на четири трофеи
"Малите" се надеваат во чудо
Фергусон испратил шпион да го следи Роналдо
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи