
|
 |
Спорт / Фудбал
Милан победник, Анчелоти недоличен
Екипата на Милан победи на традиционалниот турнир "Трофеј тим", кој се одржува во кружен систем, при што секој од трите учесници игра по едно полувреме со останатите два опоненти.
На овој хепенинг, покрај Милан настапија и неговиот голем градски ривал, екипата на Интер, како и тимот на Јувентус. Откако и "росонерите" и "Старата дама" славеа над Интер со идентични 1:0, најубавите 45 минути ги одиграа екипите на Милан и Јуве. Конечниот резултат на овој меч беше 2:2, откако холандскиот ас Кларенс Сидорф ги постигна двата гола за Милан, додека Трезеге и Маркиони беа егзекутори за торинскиот состав.
Во изведувањето на пеналите подобро се снајдоа фудбалерите на Милан, кои на тој начин го освоија победничкиот пехар од ова интересно натпреварување.
Вистински куриозитет од мечот меѓу Милан и Јувентус беше фактот што тренерот на Милан, Карло Анчелоти, на фановите на противничкиот тим им го покажал средниот прст.
"Да, го направив тоа. На тој начин им одговорив на сите глупаци. Кога сега гледам на тоа, од одредена временска дистанца, повторно би го направил тоа. Не морате да ги прегледувате снимките и да барате докази. Не ми е страв да признаам што направив. Ова е првпат да направам вакво нешто, можеби и последен пат, но едноставно не можев повеќе да ги трпам навредите. Тоа беше една мала група на фанови, на кои подобро би им било кога би останале дома", без каење изјави Анчелоти, кој своевремено беше тренер на Јувентус, во периодот од 1999 до 2001 година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|