
|
 |
Спорт / Фудбал
Целески капитен на Австралија
Благоја "Били" Целески ќе ја предводи Австралија во Пекинг на Олимписките игри кои почнуваат идната недела. Фудбалерот кој е роден во Охрид важи за еден од најдобрите фудбалери кој настапува во шампионатот на Австралија, а летово направи одличен трансфер и потпиша во тимот на Мелбурн Виктори. Тоа е играч од средниот ред кој е носител на играта во својот тим и во олимпискиот состав на "кенгурите". Станува збор за наше "дете" кое е родено пред 22 години во Охрид. Според она што го дознаваме тој на својата 15 година заминува во Перт и таму експресно добива австралиски пасош поради одличните фудбалски квалитети и потребите за младите селекции на оваа земја. Има и пасош од Македонија и се уште нема настап за најдобриот состав на "кенгурите" со што се уште постојат можности тој да заигра за Македонија.
Сепак тоа е само една нереална прогноза со оглед на тоа дека Македонија не е Хрватска и со оглед на тоа дека во ФФМ за разлика од ХНС никој не води грижа за нашите фудбалери во Австралија. Целески ќе биде само една причина повеќе да навиваме за Австралија на претстојните игри во Пекинг и само уште едно загубено дете кои лесно можеше да го облече нашиот национален дрес.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|