
|
 |
Спорт / Фудбал
Сите фудбалери до 23 години можат да играат на ОИ
Светската фудбалска федерација вчера донесе одлука која е задолжителна за сите клубови, а според која ќе мора да се ослободат сите фудбалери до 23 години, за да можат да ја претставуваат својата држава на претстојните Олимписки игри во Пекинг кои стартуваат на 8 август.
"Сите играчи до 23 години, доколку тоа го сакаат и ако се повикани од страна на матичните фудбалски сојузи, имаат право да настапат на Олимписките игри и клубовите се должни да ги повикаат. Одлуката е конечна и сите клубови кои нема да се придржуваат, ќе бидат строго казнети", се вели во соопштението на ФИФА, која исто така донесе конечна одлука по реакциите на Барселона, односно бундеслигашите Шалке 04 и Вердер.
Интересно е тоа што Шалке 04, случајот со својот 22-годишен Бразилец Рафиња го однесе и пред Судот за спортска арбитража, сметајќи дека ФИФА нема право да одлучува дали клубовите ќе ги пуштат своите играчи за настап на Олимписките игри бидејќи најбитниот спортски настан не е во официјалниот календар на планетарното фудбалско тело.
Сепак, Шалке сега мора да го пушти Рафиња на ОИ, исто како и Вердер во случајот со уште еден член на "кариоките", извонредниот Диего, додека Барса ќе мора да го ослободи генијалниот Лионел Меси за фудбалскиот турнир кој стартува на 7 август, односно еден ден пред Свечената церемонија на отворањето на Игрите.
"Од почетокот на овие настани говорев дека сакам да играм за Аргентина во Пекинг. Сакам што побргу да им се приклучувам на моите соиграчи. Сфаќам во каква позиција се клубовите кои сакаат да играат во Лигата на шампионите и тоа е голем предизвик, но мојот сон отсекогаш бил да ја репрезентирам мојата земја на Олимписките игри", изјави Меси, чија селекција на "гаучосите" ќе го брани златниот олимписки медал од минатите Игри, а во група е со Србија, Австралија и Брегот на Слоновата Коска.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|