петок, 01.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Сисе во Рома за седум милиони евра

Екипата на Рома е се поблиску до обезбедување на центарфор од светска класа бидејќи се смета дека понудата од седум милиони евра за францускиот репрезентативец Жибрил Сисе ќе биде прифатена од страна на неговиот Олимпик од Марсеј.

"Волчицата" ова лето очајнички бара квалитетен напаѓач, а на четири седмици пред истекот на овој преоден рок, се чини дека нивната потрага конечно е завршена со една од најдобрите солуции.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома ќе потпише со 26-годишниот Сисе во текот на наредните неколку денови, што особено ќе го израдува тренерот на Римјаните, Лучијано Спалети, кој го бараше Французинот поради неговата експлозивност. Сисе лани постигна 15 погодоци за Марсеј, но по недоразбирањата со клупскиот претседател Папе Диуф, тој одамна има намера да го напушти клубот во кој дојде од Ливерпул, откако на сцената се проби во дресот на францускиот прволигаш Оксер.

Сисе, кој на почетокот на новиот милениум беше потенциран како еден од најголемите таленти во светскот фудбал, имаше големи пехови во својата кариера, бидејќи во 2004 година, непосредно по потпишувањето на договорот со Ливерпул, ја скрши ногата и имаше долга пауза. Вториот малер го имаше пред стартот на Светското првенство во 2006 година, кога неговиот настап за фрнцуската репрезентација беше осуетен по нова скршеница на ногата. Негов најголем успех во кариерата му е титулата од Лигата на шампионите со екипата на Ливерпул во 2005 година.

Инаку, Рома сезонава како приоритет го постави ангажирањето на романската ѕвезда Адријан Муту од екипата на Фиорентина, но откако преговорите не успеаја, ориентацијата се врти кон Сисе, по чиј веројатен ангажман, клубот ќе има доволно средства да ангажира уште еден врвен фудбалер.


Наjновo од Спорт
Сисе во Рома за седум милиони евра
Шарапова победи, па се повлече од Монтреал
Шуми удрил пешак!
ИОЦ: "Победуваме во војната против допингот"
Милан е главен фаворит за титулата
ИААФ суспендираше седум Русинки!
Мурињо бара замена за Матераци
Се селам во Реал Мадрид
Од "дрес-логото" се купува еден класа фудбалер
Надежта последна умира!!!
Сите фудбалери до 23 години можат да играат на ОИ
Целески капитен на Австралија
Милан победник, Анчелоти недоличен
Сензација во Брисел
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи