петок, 01.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Пелистер е срушен од пенал

Не издржаа битолските фудбалери. Нивниот "бункер" е 'срушен од белата точка и тоа во самиот финиш од средбата кога домашните успеаја да стигнат до посакуваниот гол по тоталната агресија кон феноменалниот голман Трајче Ников. Од самиот почеток на средбата па се до последниот свиреж фудбалерите на АПОЕЛ ја имаа иницијативата, шансите и дури три диреци, но, сепак, до таа 83. минута мрежите мируваа. Битолчани повлечени на својата половина цел меч се бранеа, но како одминуваше средбата така притисокот беше на страната на Кипраните. Почна да се движи топката во нозете на Пелистер да се создаваат полушанси... Момировски, Блажевски и Миранда имаа добра контрола, но таму во срцето на теренот се случи и пресудниот момент. Се играше 77. минута кога Ристевски направи фаул, а главниот арбитар Роки престрого со втор жолт картон кон младиот фудбалер на Пелистер. Битолчани останаа со десетмина, а многу брзо таа предност домаќините ја крунисаа со гол.

Љупче Мицевски во 80. минута беше ставен да ја покрие левата страна по исклучувањето на Ристевски и речиси во својот прв контакт со топката џокерот на Неџар Хусеин му подари пенал на АПОЕЛ, кој успеа да го реализира и да се пласира во следната фаза. Непотребен лизгачки старт на Мицевски откако беше поминат од Паулиста.

Битолчани се бореа, но не издржаа. Одиграа храбро, а посебно Димов и Степановски, кои и на овој меч заедно со Ников добро се држеа во последната дефанзивна линија. Штета!!! Штета, за овој состав на Пелистер кој заслужува преодна оценка за својата борбеност и храброст. Се бореа до крај, но не издржаа и загубија од тим кој важеше за голем фаворит. Тука, во Никозија, "зелените" немаа шанси да го загрозат голот на противникот, а Ников беше во главната улога исто како и на првиот меч пред 14 дена во Скопје. Пелистер е елиминиран, но не не разочара.


Наjновo од Спорт
Пелистер е срушен од пенал
Едвај чекам, како дете пред слаткарница...
Талентот и квалитетот да дадат резултат
Сисе во Рома за седум милиони евра
Шарапова победи, па се повлече од Монтреал
Шуми удрил пешак!
ИОЦ: "Победуваме во војната против допингот"
Милан е главен фаворит за титулата
Мурињо бара замена за Матераци
Се селам во Реал Мадрид
Од "дрес-логото" се купува еден класа фудбалер
Надежта последна умира!!!
Сите фудбалери до 23 години можат да играат на ОИ
Целески капитен на Австралија
Милан победник, Анчелоти недоличен
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи