
|
 |
Спорт / Фудбал
Вардар има шампионски сјај
Шампионскиот тим на Работнички сега има друго име - Вардар. Летните турбуленции кај ривалите од "Градски" донесоа новитети па така сега нашиот најтрофеен тим ја има добитната комбинација - Трифун Костовски. Според квалитетот на играчкиот кадар, буџетот....Вардар е екипата која е апсолутен фаворит за тронот во новиот шампионат кој почнува в недела. Популарната "бубамара" по 17. пат во самостојна Македонија тргнува од центарот, а со тоа тргнува и новото лудило, новата битка за престиж. Повторно со 12 клубови, трокружен систем и 33 кола.
Пресметката за тронот треба да биде "црвено-црна" затоа што тоа се клупските бои на фаворизираниот Вардар и на Милано од Куманово. Не се за потценување Пелистер (доколку успее да се стабилизира), Ренова, но и тивката Македонија Ѓ.П која може да ги замрси сметките.
По подолга пауза Победа не е во игра за највисокиот пламсан. Ланската криза с$ уште го дрма некогашниот шампион кој заедно со Силекс ќе треба да се борат за златната средина. Башкими и Напредок се екипите кои во последниве сезони постојано беа отпишани и предвреме преселени во понизок ранг, но тоа се екипите со многу животи. За Напредок можеби постои спас, но во Башкими владее хаос кој се уште не е среден и тимот не знае сокои фудбалери ќе тргне во новиот шампионат.
Неделниот стат на новата сезона е историски за Хоризонт Турново. Тоа е екипата која дебитира во елитата, во најсилното друштво. Амбициозен е клубот од ова струмичко село кој дел од средбите ќе ги игра на својот терен, а оние со посилниоте клубови од типот на Вардар, Работнички, Пелистер...ќе се играат во Струмица.
По пауза од 16 години прволигаш е и скопски Металург. Клубот со моќен спонзор најави дека во оваа сезона приоритет ќе биде оптстанокот во лигата, а дека е тоа така говори и играчкиот кадар кој нема сили за пласман во топ 5 на табелата.
Како и да е, летното лудило е веќе зад нас и сега е времето кога ќе се покаже кој имал успешна берза, добар избор на фудбалери - тренери. Се крева завесата на новиот шампионат, а со тоа почнуваат и победите и поразите. Радостите и тагите, но и она нашето - македонското. Почнуваат и плачките па така поучени од минатите сезони пред нас е уште една сезона на скандали, сомнителни резултати, напади врз судии, штрајкови на екипи - тепачки. Не е за верување дека ќе има подобар квалитет од лани, но треба да се надеваме дека фудбалските работници барем сега ќе почнат да размислуваат во правилна насока и со тоа би ја вратиле публиката на трибините. Само со враќање на навивачите може да се врати и квалитетот на фудбалот во Македонија, кој, за жал, е мизерен, но и заборавен од одредени тренери кои во националниот тим ретко се одлучуваат да повикаат играчи од домашниот шампионат.
Викендов почнуваат и второлигашките возбудивања, а таму со години имаме катастрофална слика и систем "три за три". Шкендија, Миравци, Тетекс...најавуваат битка за прволигашка виза.
Ако буџетот ја крои табелата
1. Вардар 1.100.000 евра
2. Милано 750.000 евра
3. Работнички 600.000 евра
4. Ренова 400.000 евра
5. Македонија Ѓ.П 350.000
6. Турново 300.000 евра
7. Пелистер 200.000 евра
8. Победа 150.000 евра
9. Силекс 150.000 евра
10. Металург 100.000 евра
11. Напредок 70.000 евра
12. Башкими 0 евра
Само три места во Европа
Поинтересна ќе биде битката за водечките позиции кои обезбедуваат пласман на екипите во евро-куповите. УЕФА од следната сезона го укинува Интер-тото купот па така Македонија во натпреварувачката 2009/2010 ќе има само три претставници на меѓународна сцена. Од шампионатот само две места добиваат европска виза, и тоа шампионот и второпласираниот тим, а третото место го добива победникот во националниот Куп на Македонија.
Од овие причини се очекува битката за врвот да биде уште поголема и подинамична затоа што барем половината од клубовите се со желба да н$ претставуваат во УЕФА а постојат само 3 места. Работнички, Пелистер, Милано и Ренова од ланскиот шампионат беа екипите кои се изборија за место во куповите на УЕФА.
Шампионите на Македонија
1992/93 Вардар
1993/94 Вардар
1994/95 Вардар
1995/96 Силекс
1996/97 Силекс
1997/98 Силекс
1998/99 Слога Југомагнат
1999/00 Слога Југомагнат
2000/01 Слога Југомагнат
2001/02 Вардар
2002/03 Вардар
2003/04 Победа
2004/05 Работнички К.
2005/06 Работнички К.
2006/07 Победа
2007/08 Работнички К.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|