понеделник, 04.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Адебајор останува во Арсенал

По заминувањето на неколку од клучните фудбалери во летниот преоден рок, навивачите на Арсенал конечно слушнаа добра вест. Непосредно пред почетокот на Купот Емирати, соработката со клубот ја продолжи Емануел Адебајор, па Венгер нема повеќе да размислува за нападот во претстојната сезона.

Минатиот месец Арсенал објави соопштение во кое порача дека нема да ги толерираат барањата на Адебајор за зголемување на платата на нивото на кое беше Тиери Анри (повеќе од 120 илјади фунти неделно). Сепак, челниците на клубот мораа да попуштат по заминувањето на Фламини, Хлеб и Жилберто Силва, па најдоа компромис со тоа што на Адебајор му понудија неделна плата од 65 илјади фунти што е зголемување од над 60% во однос на она што досега го добиваше репрезентативецот на Того.

"Сега е време за двојна круна, во Лигата на шампионите и англиското првенство. Тоа и ќе ни биде главна цел во новата сезона. Отсекогаш зборував дека го сакам овој клуб и денеска можете да видите голема насмевка на моето лице. Сега на сите им е јасно дека го сакам Арсенал и останува овде уште четири години", рече Адебајор кој со ова демантираше дека неговиот однос со менаџерот Венгер е нарушен.

Договорот меѓу Арсенал и Адебајор всушност е продолжен на уште една година бидејќи напаѓачот имаше уште три сезони од истекот на претходниот. Единствената разлика сега е во тоа што од идниот месец ќе добива поголема плата.


Наjновo од Спорт
Адебајор останува во Арсенал
Олимпијакос нуди 50 милиони долари за Леброн
Кој не е желен за нови успеси, оди надвор!
Елиминација со пресврт!!!
"Жежок" меч за Ставрев
Вардар има шампионски сјај
Пелистер е срушен од пенал
Сисе во Рома за седум милиони евра
Милан е главен фаворит за титулата
Мурињо бара замена за Матераци
Се селам во Реал Мадрид
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи