вторник, 05.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Раниери е старец без трофеи

Новиот тренер на Интер, Жозе Мурињо, не чекаше многу за да потсети на своите денови поминати во Англија. Два месеци откако беше промовиран во шеф на стручниот штаб на италијанскиот првак, Мурињо влезе во вербална пресметка со својот колега од Јувентус, Клаудио Раниери иако, за волја на вистината, не беше тој што прв го почна препукувањето. Причина беше изјавата на Раниери по поразот од Хамбургер со 3:0 во неделата по што во негативна конотација го спомна Мурињо.

"Нема да правам драма од овој тежок пораз, јас не сум како Мурињо. Мојата филозофија е различна од неговата. Тој има непрекината желба да освојува трофеи за да се чувствува сигурен во тоа што го работи. За мене е нормално да добијам една шлаканица, лани претрпевме многу удари, но се исправивме и реагиравме на вистински начин", изјави Раниери за италијанските медиуми. Освен тоа, искусниот стручњак објави дека Роман Абрамович не го пуштил Лампард во Интер поради Мурињо и дека ако тој го побарал, фудбалерот на Челзи сигурно ќе добиел дозвола за трансфер.

На Мурињо не му требаше долго време за да одговори на провокацијата од својот постар колега. Само еден ден подоцна Португалецот излезе во јавноста со тешки зборови кон Раниери со што само ја потврди својата репутација што го следи уште од деновите во Порто.

"Дојдов во Италија за да работам и да ги остварам своите цели, а не да водам вербални војни со кого било. Сакам да освојувам со Интер бидејќи тоа е најдобро за мене и за клубот. Раниери? Вистина е тоа што тој го зборува. Јас никогаш не сум задоволен од себе и постојано сакам да победувам за да се чувствувам силен и сигурен. Поради тоа во кариерата сум освои голем број титули. Раниери има поинаков менталитет, изгледа нема потреба од победи и затоа досега нема големи успеси. Претерано е стар, демодиран, има 60 години, а досега стигнал само до еден Супер-куп и еден Куп на Италија. Тешко дека сега може да си ги промени сфаќањата", инспирирано одговори Мурињо.

Токму Португалецот во 2004 година седна на клупата на Челзи на местото на Клаудио Раниери и го оствари она што никој во претходните 50 години не успеа. Освои по две титули во сите англиски натпреварувања, но влезе во конфликт со Абрамович и минатиот септември мораше да си замине од Стемфорд Бриџ.


Наjновo од Спорт
Колективно на чекор до четвртфинале
Европа, дајте ги парите и еве ме!
Надал веќе отпатува за Пекинг
Мареј до својата прва Мастерс круна
Торп ќе го тужи Л'Екип!
Македонските параглајдеристи се изборија за името
"Олимпијадата ја потврдува трансформацијата на Кина"
Раниери е старец без трофеи
Тешка задача за Андерлехт и Ренџерс
Ван Дер Варт во Реал Мадрид
Тепачка и прекин во Струмица
Кака повторно се повреди
Тони се сврте против новинарите
Тоти се враќа за две недели
Турам му кажа "збогум" на фудбалот
Адебајор останува во Арсенал
Кој не е желен за нови успеси, оди надвор!
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи