
|
 |
Спорт / Фудбал
Роналдо доаѓа во Реал, но идната година
Англискиот таблоид Сан тврди дека Манчестер Јунајтед и Реал нашле компромисно решение за судбината на Кристијано Роналдо. Според истиот извор, португалскиот репрезентативец ќе остане уште една сезона на Олд Трафорд, а идното лето ќе биде продаден на Реал за 65 милиони фунти. Сопствениците на Јунајтед, семејството Глејзер одамна сакаше да се ослободи од Роналдо и да ги добие парите, но не успеаја во тоа да го убедат менаџерот Алекс Фергусон, кој постојано се противеше на ваквата идеја.
"Фергусон е одлучен во својата намера да не го пушти Роналдо да си оди. Ако ништо друго, барем од принцип. Но, во клубот постојат луѓе кои размислуваат за тоа каква е смислата да се задржи Роналдо кога веќе Реал нуди многу пари за него. А фудбалерот и така ќе ги пропушти првите два месеци од сезоната поради повреда. Една од опциите е Кристијано да одигра уште една сезона во Манчестер Јунајтед со гаранција дека потоа ќе може да си оди во Реал за договорената отштета", изјавил за Сан неименуван извор од англискиот првак.
Кристијано Роналдо е најголема желба на претседателот на Реал Мадрид, Рамон Калдерон, кој во него гледа утеха за неуспехот да се ангажира Кака откако тој им беше ветен на навивачите во претседателската изборна кампања. Калдерон е многу непопуларен кај клупските фанови без разлика на двете освоени шампионски титули по ред во Примера и се надева дека со Роналдо ќе ги привлече симпатиите. Иако сега се спомнува сума од 65 милиони фунти, шпанските медиуми тврдат дека Роналдо нема да се пресели на Сантијаго Бернабе за помалку од 80 милиони.
Што се однесува до Португалецот, тој минатиот месец имаше операција на десниот скочен зглоб и нема да му биде на располагање на Алекс Фергусон до почетокот на октомври.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|