среда, 06.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Руни "закачил" вирус во Нигерија

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни, најверојатно, ќе го пропушти стартот од новата сезона во Премиер-лигата. Како што вчера изјави Алекс Фергусон, репрезентативецот се заразил со мистериозен вирус за време на гостувањето во Нигерија пред две недели и оттогаш го нема на тренинзите на својот тим.

"Никој не може да констатира за што точно се работи. Руни го нема на тренинзите и мислам дека нема да биде подготвен за стартот на новата сезона", соопшти Фергусон.

Болеста на Руни се уште е предмет на анализа во клупската лабораторија, а менаџерот додаде дека пред патувањето во Африка сите фудбалери добиле само таблети против маларија. Како што сега стојат работите, Руни сигурно нема да игра на дуелот од Комјунити Шилдс против Портсмаут во недела, а најверојатно ќе го пропушти и натпреварот од првото коло на Премиер-лигата со Њукасл идниот викенд. Руни не играше против Портсмаут во Нигерија, а не беше во конкуренција ниту за следните две пријателски средби против Еспањол и Питербороу.

Болеста на Руни е уште еден тежок удар кога станува збор за амбициите на Алекс Фергусон кои оваа сезона се одбрана на титулата во Премиер-лигата. Најмалку до октомври тој ќе има преполовена конкуренција во нападот и ако до крајот на летниот преоден рок не најде квалитетен напаѓач, Манчестер Јунајтед би можел уште првиот месец да има големо заостанување зад своите конкуренти. Кристијано Роналдо неодамна имаше операција на скочниот зглоб и ќе отсуствува најмалку до октомври, Андерсон е со бразилската репрезентација на Олимписките игри, а Нани е суспендиран за првото коло од Премиер-лигата. Во моментов во конкуренција за навалната линија се само Карлос Тевез, младиот Фрејзер Кембел и Луис Саха, но Французинот би можел наскоро да ја смени средината. Од друга страна, Фергусон се уште има можност да го донесе Димитар Бербатов, но за него треба да плати најмалку 30 милиони фунти.


Наjновo од Спорт
Екстра бонус за "Јувентус"
Го сакам Стојков во Војводина!
Не бевме фини со Финците
Руни "закачил" вирус во Нигерија
Роналдо доаѓа во Реал, но идната година
Брз "излез" од психолошката блокада
Бразилците во центарот на вниманието
Раниери е старец без трофеи
Тешка задача за Андерлехт и Ренџерс
Ван Дер Варт во Реал Мадрид
Тепачка и прекин во Струмица
Кака повторно се повреди
Тони се сврте против новинарите
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи