среда, 06.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Го сакам Стојков во Војводина!

Во текот на следните неколку дена би требало да се официјализира трансферот на Ацо Стојков во српскиот прволигаш Војводина од Нови Сад. Во тимот каде што е тим - менаџер некогашниот стратег на Работнички, Драгољуб Беквалац, и во тимот каде што е носител на играта нашиот репрезентативец Влатко Гроздановски. Минатата недела се остварија првичните контакти на релација Војводина - Стојков, прво беше проблем големата отштета која за Стојков ја бараше унгарскиот Дебрецин со кого струмичанецот се уште има договор. Тој проблем е надминат, сега останува уште само да се допрецизираат деталите околу личните услови на напаѓачот кој моментално е во Струмица каде што чека одговор од Нови Сад, од Војводина, која има големи амбиции во претстојниот шампионат на Србија.

"Да, точно е дека го сакам Ацо Стојков во мојот тим", ни го потврди можниот трансфер во Војводина сегашниот тим - менаџер на екипата Драгољуб Беквалац и продолжи:"Откако не успеавме да ги доведеме прво Илчо Наумоски, а потоа и Ристе Наумов мислам дека на добар пат сме да се договориме со Стојков. Станува збор за исклучително квалитетен и расен стрелец со кого и тоа како ќе го засилиме нашиот напад. Не е тајна дека имаше контакти со Стојков, имаше преговори откако успеавме да се договориме со раководството на Дебрецин околу висината на отштетата. Останува сега да се договориме со Стојков. Се надевам дека тој ќе дојде во Нови Сад и ќе го предводи нашиот напад", ни изјави Беквалац.


Наjновo од Спорт
Го сакам Стојков во Војводина!
Не бевме фини со Финците
Руни "закачил" вирус во Нигерија
Роналдо доаѓа во Реал, но идната година
Брз "излез" од психолошката блокада
Бразилците во центарот на вниманието
Болт не знаеше дека ќе трча и на 100 метри!
Раниери е старец без трофеи
Тешка задача за Андерлехт и Ренџерс
Ван Дер Варт во Реал Мадрид
Тепачка и прекин во Струмица
Кака повторно се повреди
Тони се сврте против новинарите
Тоти се враќа за две недели
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи