
|
 |
Спорт / Фудбал
Шкотите откупија 1.000 влезници, Холанѓаните само 150
За стартните квалификациски натпревари за Светското првенство 2010 година против македонската репрезентација, што ќе се одиграат на 6-ти, односно на 10 септември на "Градски", многу поголем интерес владее во Шкотска отколку во Холандија. Шкотите преку својата Федерација веќе откупија 1.000 влезници, додека Холанѓаните засега се задоволија со скромни 150 билети. Интересно е што за тој период се резервирани речиси сите скопски хотели, бидејќи се очекува доаѓање и на останати шкотски и холандски навивачи кои во Скопје ќе пристигнат во сопствена режија, а со влезници ќе се снабдат непосредно пред почетокот на натпреварите.
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) одлучи и на Шкотите и за Холанѓаните влезниците да им ги продаде по иста цена, по 20 евра. Нивните навивачи ќе бидат сместени на источната трибина, и без разлика колку ќе ги има, во тој дел од "Градски" нема да се пуштаат симпатизери на македонската репрезентација. Што се однесува до цените на билетите за нашите љубители на фудбалот тие ќе бидат одредени до крајот на неделата. Бидејќи северната трибина е во изградба, и капацитетот на нашиот најголем фудбалски храм е лимитиран, најверојатн нивната цена ќе биде повисока од оние од предходните репрезентативни дуели. За прв пат ФФМ во продажба ќе пушти и блок-билети за двата натпревари, кои се очекуваат да се продаваат по пониски цени.
Утре, откако во Бирмингем ќе биде тестирано осветлувањето на "Спорт-5", и официјално ќе биде познато дали мечот со Холандија ќе се игра во вечерниот термин, од 20.30 часот, или пак во 16.30. УЕФА веќе прифати натпреварот со Шкотска да се игра од 15 часот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|