
|
 |
Спорт / Фудбал
Сакам во Челзи, доста ми е од Реал
Фудбалерот на Реал Мадрид, Робињо, сака да го напушти “Сантиаго Бернабе“ и премине во лондонскиот Челзи.
Англискиот “Сан“ тврди дека Робињо сака да го замени дресот на Реал со тој на Челзи и дека повеќе не е задоволен во кралскиот клуб.
„И понатаму незнам каде ќе ја продолжам кариерата. Новата сезона ќе започне и имам понуди од други клубови, а меѓу нив е и Челзи. Засега се во тек преговори и уште ништо не е дефинирано“, изјавил Робињо.
Една од одлуките на управата на кралскиот клуб, која многу го налутила Робињо, била забраната за настап на Олимписките игри во Пекинг.
„Многу е лошо за мене што морам да ја гледам својата репрезентација преку телевизија. Многу сакав да играм на Олимписките игри, но клубот не ме пушти. Ужасно сум несреќен поради тоа“, додал Робињо.
Според 24-годишниот фудбалер, симпатиите не ги крие ниту тренерот на Челзи Луиз Фелипе Сколари, а исто размислува и Питер Кенјон, спортскиот директор на лондонската екипа.
Челзи според пишувањата на некои англиски медиуми нуди 25 милиони фунти, а Робињо се надева дека тоа ќе биде доволно за негов трансфер во Челзи.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|