четврток, 07.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

Судбината на Ето ќе се знае до 12 август

Иако доби поддршка од речиси сите фудбалери и претседателот Лапорта, Самуел Ето, сепак, не е сигурен дека идната сезона ќе го носи дресот на Барселона. Спортскиот директор на клубот, Чики Бегиристаин, вчера го одреди 12 август како краен датум до кога треба да биде јасно дали Камерунецот ќе ја смени средината или ќе остане на Ноу Камп.

"Времето брзо лета и трансфер-пазарот наскоро се затвора. Одлуката мора да биде донесена пред натпреварите од третото претколо на Лигата на шампионите, што значи дека до 12 август се треба да биде јасно. Треба уште да разговарам со тренерот Гвардиола и тој да ми каже како го замислува тимот за идната сезона и дали смета на Ето", рече Бегиристаин.

Гвардиола неодамна ја демантираше својата претходна изјава дека не смета на Ето за претстојната сезона, но тоа беше предизвикано од одличните игри и залагањето на Камерунецот на подготовките на каталонскиот тим. И покрај тоа, за Ето се уште има интерес од неколку италијански и англиски клубови, а неговиот трансфер досега беше спречен поради високите барања од финансиски аспект што тој ги постави.

Во зависност од тоа дали Ето ќе остане на Ноу Камп или не, ќе се знае дали Барселона ќе тргне посериозно по Давид Силва од Валенсија.


Наjновo од Спорт
Судбината на Ето ќе се знае до 12 август
Џерард го пропушта Стандард
Русите демантираат систематско допингување
Фудбалерите назад од Пекинг
Сакам во Челзи, доста ми е од Реал
Шкотите откупија 1.000 влезници, Холанѓаните само 150
Олимписките игри во Пекинг најскапи досега
Екстра бонус за "Јувентус"
Го сакам Стојков во Војводина!
Руни "закачил" вирус во Нигерија
Роналдо доаѓа во Реал, но идната година
Раниери е старец без трофеи
Тешка задача за Андерлехт и Ренџерс
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи