
|
 |
Спорт / Фудбал
БАТЕ го исфрли Андерлехт
Белорускиот првак БАТЕ Борисов дефинитивно ќе биде најголемото изненадување во третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Анонимниот клуб од поранешната советска република втора година по ред обезбедува пласман во последната фаза пред групите од елитното натпреварување, но за разлика од лани, кога го елиминираше исландскиот Хафнарфјордур, сега "бутна" далеку поквалитен противник. Жртва на БАТЕ беше најтрофејниот белгиски клуб Андерлехт кој сепак ниту вчера не беше блиску до конечен триумф. Домашниот тим два пати водеше, па и покрај тоа што Полак израмни на 2:2 на четири минути пред крајот, не се возбуди премногу и на крајот сосема заслужено славеше.
Освен Андерлехт, другите фаворити успешно ги минаа пречките во второто квалификациско коло. Можеби мало изненадување е елиминацијата на Рапид од Виена, но австрискиот првак уште по првиот натпревар против Анортозис на Кипар ја најави својата судбина бидејќи загуби со 3:0. На домашен терен успеа делумно да го поправи впечатокот, меѓутоа раниот гол на Лабан уште од старт им ги скрши крилјата на фудбалерите на Рапид.
Најмногу проблеми имаше Партизан кој особено со играта во првото полувреме го навлече гневот на своите навивачите. Како и во првиот натпревар во Баку, "црно-белите" делуваа неповрзано во своите напади, не успеаја конкретно да се заканат по голот на Интер, па присутните на стадионот во Белград се исплашија дека може да се случи изненадување. Сепак, Жука и Диара во последната третина од мечот се погрижија да не дојде до такво нешто, а Партизан си обезбеди дуел со големиот фаворит Фенербахче во третото коло и најмалку уште два месеци престој на европска сцена. Токму турскиот вицешампиоин беше најубедлив во оваа фаза елиминирајќи го МТК со вкупен резултат 7:0, а вчера свој ден имаше Шентурк кој постигна дури четири гола.
РЕЗУЛТАТИ:
БАТЕ БОРИСОВ* - АНДЕРЛЕХТ 2:2 (2:1)
Близњук 18', Родионов 83' - Биља 23' (п), Полак 86'
ДИНАМО Т. - ПАНАТИНАИКОС* 0:0 (0:3)
ДИНАМО К.* - ДРОГЕДА 2:2 (2:1)
Алијев 13', Милевски 73' - Робинсон 41', Гартланд 88'
РАПИД - АНОРТОЗИС* 3:1 (0:3)
Хофер 21', Маерхофер 63', 66' - Лабан 13'
МОДРИЧА - АЛБОРГ* 1:2 (0:5)
Старчиќ 71' - Дуе 15', Рисгард 62'
ПЕТРЖАЛКА* - ТАМПЕРЕ 4:2 (3:1)
Козак 9' (п), Поспеч 35', Халенар 45', Пирошка 78' - Џејмс 71', Хјелм 79'
СПАРТА* - ШЕРИФ 2:0 (1:0)
Воришек 45', Кулиќ 48'
БАЗЕЛ* - ГЕТЕБОРГ 4:2 (1:1)
Хугел 26', Чиперфилд 71', Ергиќ 84' (п), 90' - Вернблом 19', Седер 51'
ДИНАМО З.* - ДОМЖАЛЕ 3:2 (3:0)
Бишчан 17', Хрговиќ 50', Дрпиќ 83' - Брезиќ 29', Зец 81'
ВИСЛА* - БЕИТАР 5:0 (1:2)
Канторо 9', Клебер 25' (п), Брозек 36', Диаз 56', Ниџилан 88'
МТК - ФЕНЕРБАХЧЕ* 0:5 (0:2)
Шентурк 5', 61', 77', 81' Емре 66' (п)
ПАРТИЗАН* - ИНТЕР Б. 2:0 (1:1)
Жука 6', Диара 84'
ДВОЈКИ ЗА ТРЕТОТО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО:
Анортозис - Олимпијакос
Гимараеш - Базел
Шахтјор - Динамо З.
Шалке - Атлетико
Алборг - Каунас
Барселона - Висла
Левски - БАТЕ Борисов
Стандард - Ливерпул
Партизан - Фенербахче
Твенте - Арсенал
Спартак М. - Динамо К.
Јувентус - Артмедија
Вентспилс - Марсеј
Фиорентина - Славија
Галатасарај - Стеауа
Панатинаикос - Спарта П.
*Натпреварите се играат на 12/13 и 26/27 август
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|