
|
 |
Спорт / Фудбал
Со штрајк до исписница
Зенит ја одреди висината на отштетата која треба да ја плати клубот кој ќе сака да го ангажира Андреј Аршавин. Аршавин сака да си замине од рускиот клуб, но Зенит бара високи 30 милиони евра, а поради штрајкот на фудбалерот клубот е елиминиран од рускиот национален Куп.
Имено, Аршавин не сакал да настапи во 1/16-финалето на рускиот Куп, бидејќи одлучил со штрајк да негодува на високата отштета кои клубовите би требало да ја платат за да го ангажираат во нивните редови.
Јасно му е на рускиот репрезентативец дека е тешко некој клуб да се одлучи да ја плати високата отштета, а него повеќе не му се останува во рускиот клуб. Со своите игри на Европското првентво Аршавин го привлече вниманието на многу богати и славни клубови, но профитот кој раководството на Зенит сака да го оствари се повеќе го оддалечува од остварувањето на сонот, односно кариерата да ја продолжи во клуб од горниот дел на европската фудбалска табела.
Менаџерот на Аршавин, Денис Лахтер, е се повеќе убеден дека Зенит нема да попушти во своите барања.
"Тоа е руски начин на работа. Тие се диктатори, а тој е роб" - повторил уште еднаш Лахтер.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|