
|
 |
Спорт / Фудбал
Собранието на 24 август
Од Њујорк, каде фудбалерите на Барселона се наоѓаат на подготовки пред почетокот на сезоната, претседателот на Спортското друштво, Жоан Лапорта, го одреди датумот кога ќе се одржи редовното годишно Собрание. Околу 3000 застапници во Собранието на регистрирани членови-навивачи ќе се соберат на 24 август и ќе ја разгледуваат можноста да го сменат Лапорта од претседателската функција. Сепак, шпанските медиуми претпоставуваат дека тоа нема да се случи бидејќи сепак станува збор за мала маса навивачи-членови кои се поблиски до претседателот отколку до поширокиот дел "социоси".
Лапорта имаше право да одреди датум на заседанието, а најдоцна тоа мораше да се одржи на една недела пред почетокот на шпанското првенство. Таа опција и ја избра имајќи предвид и тоа дека Барселона три дена подоцна го игра реваншот од третото квалификациско коло на Лигата на шампионите против Висла Краков. Многу работи околу пласманот во фазата по групи би можеле да бидат јасни уште по првиот натпревар на Ноу Камп две недели претходно, па тоа може само да му ја подобри положбата пред клупските членови.
На навивачкиот референдум во јуни оваа година, против Лапорта гласаа 61% од "соициосите" кои излегоа на гласање. Сепак, според статутот на клубот, за негова смена се потребни најмалку две третини од вкупниот број членови, оа Лапорта, сепак, остана на својата функција. Подоцна, и покрај притисокот од медиумите и фановите, тој не се повлече, но тоа го направија седуммина од неговите најблиски соработници кои сфатија дека недовербата во клубот е прилично голема. Инаку, четиригодишниот мандат на Лапорта трае до есента 2010 година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|