
|
 |
Спорт / Фудбал
Операцијата на Кака е бескорисна
Шефот на медицинскиот тим на Милан, Жан-Пјер Мерсеман, ги шокираше навивачите на клубот откако изјави дека последната операција на Кака била обично губење време и дека тој нема да има апсолутно никаква корист од неа. Докторот го обвини професорот Руко, кој го изврши хируршкиот зафат, дека направил грешка и смета дека повредата на менискусот на Кака нема никаква врска со воспалението на тетивите. Токму затоа не гледа никаква смисла во последната операција и верува дека во иднина Бразилецот повторно ќе има проблеми.
"Со операцијата која ја бараше и самиот Кака мислам дека само беше загубено време затоа што по рехабилитацијата нема ништо да биде подобро од претходно. Хируршкиот зафат не само што нема да донесе подобрување туку може само да му наштети на Кака во иднина", рече Мерсеман.
Кака има проблеми со коленото уште од своето доаѓање во Милан, но кулминираа во последната сезона во која тој пропушти голем број натпревари на својот тим. Неговото повредено колено му создава толку многу проблеми што некои шпекулираат дека наскоро ќе мора принудно да ја заврши кариерата, исто како и легендата на Милан, Марко ван Бастен.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|