петок, 08.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Спорт / Фудбал

ВИКЕНДОВ ПОЧНУВА 61. ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО НА ФРАНЦИЈА
Лион веќе не е толку доминантен

Бордо, Олимпик Марсеј и ПСЖ викендов ќе ја почнат потерата со цел по седум години да го симнат од тронот актуелниот шампион Лион. "Лавовите" ги освоија сите шампионски титули во новиот милениум, но најтешко им беше во последната сезона во која до пехарот стигнаа дури во последното коло и тоа најмногу на претходните "киксови" на конкурентот Бордо. Со неколку значајни играчки промени, но без првиот голман Грегори Купе, како и Бен Арфа и Скилачи во составот, Лион повторно е најсериозен кандидат за титулата во домашното првенство, меѓутоа за разлика од порано, сега конкурентите според квалитетот се многу поблиску. Шампионот ќе стартува и со нов тренер во името на Клод Пуел, кој до минатата сезона беше на клупата на Лил, меѓутоа тој ќе има многу тешко задача да ја продолжи низата на својот претходник Ален Перин и да го повтори успехот од пред неколку месеци кога Лион за првпат во својата клупска историја стигна и до двојната круна.

"Лион не смее да попушти ниту за момент. Повторно имаме силен тим со таа разлика што сега конкурентите се значително засилени. Но, тоа нас не не засега, фудбалерите се веќе искусни и немаат право на опуштање", смета новиот тренер на клупата на Лион.

Како ретко кога во последните години, дури четири екипи ќе се борат за трофејот во француското првенство. На другите три може да им биде олеснета работата бидејќи претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола со години како најголем приоритет ја истакнува Лигата на шампионите и пласманот во завршницата во ова натпреварување. Досега, најголем успех беше четвртфиналето, а со новиот тренер и фудбалерите што се ангажирани како засилувања можно е да се тргне кон нови големи успеси. Пуел со себе го донесе Жан Макун, меѓутоа најголемо засилување во овој преоден рок е Фредерик Пикион кој би требало да му биде од огромна помош на Бензема.

Бордо одлично пазареше ова лето. На позајмица од Милан го доби Јоан Гуркуф, од Каен го донесе Гуфран, па заедно со тимот што лани го намачи Лион, сега очекува чекор понапред на табелата. На клупата и натаму е Лорен Блан, бескомпромисниот борец кој сигурно нема да се помири со улогата на прв придружник на шампионот.

"По вторно ќе бидеме конкурентни. Ќе ни биде тешко да го поправиме ланскиот пласман, но сигурно ќе се обидеме", рече Блан.

Марсеј по речиси една деценија повторно има конкурентен тим за титулата. Откако оваа екипа стана европски шампион во 1993 година не освои ниеден значаен трофеј, па затоа претседателот Папе Диуф во летово се погрижи да ги исполни сите желби на Ерик Геретс. Ангажирани се Хатем Бен Арфа и Бакари Коне, двајца фантастични фудбалери кои треба да го надополнат заминувањето на Самир Насри.

"Апсолутно, наша цел годинава е да донесеме некој трофеј. Мора да го направиме тоа", рече Геретс.

Големи очекувања љубителите на фудбалот сега имаат и од поранешниот гигант ПСЖ кој собра неколку ветерани и очекува враќање во врвот на француската табела. Дојдоа Лудовик Жули и Клод Макелеле, малку недостасуваше да заигра и Лилиан Турам, но тој поради срцевите проблеми ја заврши кариерата. Сепак, и овој состав што на располагање го има Пол ле Гвен е гаранција дека "светците" ќе се вмешаат во врвот на францускиот фудбал. Како и минатата сезона, за средината од табелата ќе се борат Нанси, Оксер, Сент Етјен, додека се очекува голем пад од Ница која летово остана без неколкумина главни фудбалери. Затоа, повратниците во лигата Ле Авр, Нант и Гренобл како главна амбиција го посочија опстанокот.


Наjновo од Спорт
Лион веќе не е толку доминантен
"Реприза" Селтикс-Лејкерс, на Божиќ
Златото во Пекинг ја спасува сезоната на Федерер
Пекинг порачува: "Еден свет, еден сон"
Три бода од Шкотска и Холандија
Роналдо: Останувам!
Операцијата на Кака е бескорисна
Собранието на 24 август
Со штрајк до исписница
БАТЕ го исфрли Андерлехт
Судбината на Ето ќе се знае до 12 август
Џерард го пропушта Стандард
Сакам во Челзи, доста ми е од Реал
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи